Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина 12 совети како да се избегне ракот

12 совети како да се избегне ракот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Здравите луѓе обично многу малку мислат за болестите па така и за ракот, додека болните стануваат заинтересирани за своето здравје откога  ја добиле болеста.


За да ја спречиме болеста мораме на време да преземеме одговорни мерки, а тие ни малце не се комплицирани. Постојат многу истражувања за тоа што сè ја намалува можноста за добивање рак или што сè им помага на заболените против оваа болест.

Од советите кои во своите книги, ги изнесоа американските научници Џон Хопкинс, Ентони Сатиларо и Том Монте ги издвојуваме следните:

- Престанете со пушењето и избегнувајте задимени простории како и улици со многу смог.

-Јадете повеќе  зеленчук како што се: цвекло, зелка, брокули, магданос, лук, морков, ротквица, тиква, краставици...

- Намалете ја количината на месото, а зголемете ги интегралните житарици. Наместо бел леб користете интегрален. Се препорачуваат нерафинирани житарици: ориз, интегрална пченица, јачмен, просо, интегрална пченка, `рж..

- Јадењата од мешункасти растенија освен витамини имаат и многу протеини и се препорачува соја, шарен грав, грав тетовец..

- Од месото треба да се користи, месо од живина како и риба.


- Од додатоци на исхраната и зачини треба да се користат сусамовите семки, сончогледовите семки, маслиновото масло, лимоновиот сок, магданосот,оцетот од јаболка и ренот.

- За десерт и пијалок со јадењето се препорачува овошје и овошни колачи со што помалку шеќер. Треба да се избегнуваат пијалоците со кофеин, вештачките додатоци и белиот шеќерот. Алкохолот треба да се намали, а ако веќе се пие се препорачува пиво и вино.

- Постојаната физичка активност добра е за здравјето и за витката линија.

- Работете на подобрување на вашиот имунолошки систем и со тоа се борите против сите болести па и против ракот.

- Антиоксидантите, витамините и минералите, а посебно витаминот Е, ја зголемуваат обрамбената моќ на организмот против ракот.

- Замор, нервоза, стрес, огорченост, создаваат во телото поволна клима за развој на ќелиите на ракот. Затоа почесто одмарајте се, активностите подобро испланирајте ги и бидете оптимисти и ќе имате помалку здраствени проблеми.

- Ќелиите на ракот не напредуваат во средина со многу кислород. Поради тоа вежбањето и шетањето по чист воздух со длабоко дишење ја уништува ќелијата на ракот и оневозможува нејзино развивање.

Запомнете ги овие совети, направете склад со вашите активности и ќе бидете здрави и расположени.
Овие се совети за здравите, но се препорачуваат и за оние кои се заболени и веќе користат терапија. Но секако, овие совети даваат чудесни резултати.

Hits: 986
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...