Tuesday, May 22nd

Апдејт:03:47:40 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Зошто е важно притисокот да се мери на двете раце?

Зошто е важно притисокот да се мери на двете раце?

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Разликата во измерениот притисок меѓу левата и десната рака може да укаже на зголемен ризик од предвремена смрт предизвикана од срцева болест, велат лекарите.
Откриено е дека разликата во систолниот крвен пртисок од 15 мм ХГ или повеќе меѓу двете раце, има врска со калцификацијата на крвните садови кои носат крв во рацете и во нозете. Оваа разлика е поврзана со дополнителен ризик од периферна васкуларна болест, а укажува на потешкотии со снабдувањето на екстремитетите со крв, па и на мозокот, што може да доведе и до појава на мозочен удар.

Научниците дошле до ова сознание по анализата на 28 научни трудови кои се занимавале со разликите на систолниот крвен притисок меѓу левата и десната рака. Притоа е утврдено дека поголемата разлика меѓу измерениот притисок на рацете може да доведе до здебелување на артериите.

Зголеменен крвен притисок е оној кој е повисок од 140/90 мм (првиот број се однесува на систолниот притисок, односно на висината на притисокот во артериите кога срцето ќе се стегне и ја тера крвта во аортата).

Лекарите сметаат дека притисокот на едната рака е понизок, бидејќи овде е присутна редукција на протокот на крв, што може да биде симптом на болести на артериите. Од голема важност е рутински да се контролира постои ли значајна разлика во измерениот притисок. Доколку се утврди разлика меѓу левата и десната рака, проблемот може да се третира пред да дојде до поголеми компликации, дури и кај оние кои немаат зголемен крвен притисок. Секако, во ваков случај, па макар и при нормален крвен притисок, неопходни се здрави промени во стилот на животот.

Hits: 470
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...