Tuesday, May 22nd

Апдејт:03:47:40 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Тест: Дали сте депресивни или само тажни?

Тест: Дали сте депресивни или само тажни?

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Депресијата е повеќе од обична тага. Ако тажното расположение се појави без причина, ако не поминува или се враќа, ја прави тешка секојдневната работа, дружењето или спиењето и ја елиминира животната радост, тогаш станува збор за депресија.

Разочарување во животот, губење на работа, пријатели или партнер, се разбира предизвикуваат тага и загриженост, но по некое време повеќето луѓе се враќаат во нормала. Во вистинска депресија треба да се посомневате кога имате тажно расположение кое трае долго, и кога дури и во работите кои претходно ви носеле радост, не уживате.
Проверете дали сте тажни или депресивни, и не заборавајте да се обратите за помош доколку е потребно.


1. Сè работам полека.
2. Иднината ми се чини мрачна.
3. Тешко ми е да се концентрирам, додека читам.
4. Во мојот живот како да не постои радост.
5. Сметам дека е тешко донесувам одлуки.
6. Губам интерес за тоа кое ми беше битно.
7. Се чувствувам тажен/на, депресивен/на и несреќен/на.
8. Се чувствувам немирно и тешко се релаксирам.
9. Се чувствувам многу уморно, дури и кога спијам доволно, а не сум имал/а тежок ден.
10. Тешко ми е да работам и најосновни нешта.
11. Се чувствувам виновен/на и заслужувам казна.
12. Се чувствувам како тотално промашување.
13. Се чувствувам празно и безживотно.
14. Спијам немирно, премалку или премногу.
15 Размислувам за самоубиство.
16. Се чувствувам заробен/на.
17. Истоштен/на сум, и кога ќе ми се случи нешто добро.
18. Станувам дебел/а или слабеам без диета.


Оценете ја секоја изјава на следниот начин:

Не = 0
Малку = 1
Делумно = 2
Прилично = 3
Многу = 4
Премногу = 5


Резултати:


0-9 - Вие немате симптоми на депресија. Прифаќате добри и лоши моменти, како дел од нормалниот секојдневен живот.

10-17 - Имате симптоми на блага депресија. Некои од овие симптоми обично се појавуваат и кај многу луѓе. Внимавајте на себе.

18-21 - Имате симптоми на блага до умерена депресија. Ова може да создаде проблеми, па затоа е препорачливо да го контактирате вашиот лекар.

22-35 - Имате симптоми на умерена депресија. Ова може да создаде сериозни проблеми. Затоа побарајте совет од лекар кој може да ви помогне.

36-53 - Имате симптоми на умерена до тешка депресија. Тоа предизвикува сериозни проблеми. Веднаш консултирајте се со вашиот лекар.

54 и повеќе - Имате симптоми на тешка депресија. Таа овозможува создавање на сериозни проблеми во животот. Побарајте итно стручна помош.


Hits: 927
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...