Некои проблеми може полесно да се отстранат со соодветни витамини и минерали.
Крварењето од непцата ќе се намали со помош витамините А и Ц. За да се зголеми нивната содржина во организмот доволно е да се испие само една чаша сок од морков и портокал. Во сокот потребно е да се додаде лажичка растително масло.
Тешко лекување на рани може да се забрза со цинк и витамин Ц и К. Оваа успешна формула ја создава комбинацијата на пиперки, домати и риба.
Постојана замор, што веројатно е последица на недостаток на железо, а ќе се отстрани со често конзумирање на леќа и спанаќ. Исто така, секој ден треба да се изеде едно јајце.
Мрсна кожа и акни може да се појават поради недостаток на биотин и витамин Б2. Биотинот ќе го надомести соја јогуртот, а витамин Б2 обичниот јогурт. Овие јогурти може да се пијат и превентивно.
Губење на косата се регенерира со биотин и цинк. Затоа денот треба да се започне со мусли, со бадеми и едно варено јајце.


















