Жените со мали гради имаат помал ризик за развој на дијабетес тип 2 за разлика од оние со раскошно деколте. Научниците од универзитетот „Харвард“ ги проучувале телесните мерки и здравствената состојба на 9.100 жени.
Притоа утврдиле дека девојките на 20 годишна возраст кои носат големина Д или поголем број на градник, се три пати повеќе подложни на ризик за развој на дијабетес тип 2, отколку жените кои имале градник го големина А. Научниците сметаат дека врската меѓу големината на градниот кош и дијабетесот е последица на развојот на градите во текот на пубертетот.
Пубертетот е период во кој е зголемена отпорноста на инсулин – состојба при која телото не апсорбира гликоза како што треба, поради што се зголемува нивото на шеќер во крвта, а сето тоа е поврзано со појава на дијабетес тип 2, објаснуваат научниците.
Кај здравите тинејџерки, оваа состојба исчезнува по завршувањето на пубертетот. Но, кај девојчињата со поразвиени гради ова може да влијае на зголемениот ризик за развој на дијабетес подоцна во животот.


















