Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Пирсот на гениталии е опасен украс

Пирсот на гениталии е опасен украс

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Трендот на ставање пирс на лицето не стивнува, а се поголем замав зема и дупчењето на гениталиите со цел да изгледаат посекси. Покрај ушите, усните, носот и папокот, се почесто се дупчат брадавиците, срамните усни, клиторисот, а мажите ставаат пирс дури и на пенисот. Но, имајте на ум дека гениталните подрачја се многу специфични, потребен е различен временски период на зарастување на раната и со себе носат различни проблеми. Најчесто се јавува засилено потење, отоци, инфекции, но и труење на крвта и сериозно крвавење.

Накитот на брадавиците на градите може да ви предизвика проблем при носењето на одреден вид облека, како и ако практикувате одреден спорт за кој е потребен голем физички контакт. Поради тоа раните побавно зараснуваат, бидејќи цело време се подложени на иритации.

Пирсингот на гениталиите е тренд кај жените кои што сакаат да го стимулираат клиторисот за време на сексуален однос. Сепак овој метод може да предизвика сериозни здравствени компликации.

Освен тоа, накитот на гениталиите може да ве повреди вас или вашиот партнер. Исто така, може да предизвика пукање на кондомот, што доведува до ризик од несакана бременост или ризик од полови болести.
Пирсингот на пенисот може да предизвика намалена можност за постигнување и одржување на ерекцијата, односно да доведе до еректилна дисфункција.

Во повеќето земји ваквата форма на пирсинг не е соодветно регулирана па затоа ја практикуваат луѓе кои не се доволно квалификувани за тоа. Освен тоа пирсингот се врши во нехигиенски услови што може да предизвика инфекции кај личноста која што се одлучува за овој третман.

Доколку не сакате да се откажете од овој тренд на украсување на телото, лекарите препорачуваат зголемена личната хигиена и редовни контроли како би се спречиле евентуалните компликации.


Hits: 198
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...