Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Како да ја вратите загубената енергија

Како да ја вратите загубената енергија

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Истражувачите од Државниот универзитет во Аризона изјавуваат дека повеќето од нас внесуваме недоволни количества од витаминот Ц кој е многу важен за нашиот организам.

За да се одржува нивото на енергија на висина, обидете се да си обезбедите доволни количества витамин Ц во храната што ја внесувате секојдневно. Портокалите и сокот од портокали се ваш природен извор, но него го има во големи количества и во пиперките, јагодите и брокулите.

Чај од нане
Наместо утрински филџан кафе, префрлете се на чај од нане. Било да користите свежо или сушено нане (во филтер-акесички), оставете го чајот да отстои во филџанот 10-ина минути пред да го испиете. Додека го чекате, вдишувајте ја пареата од чајот - дури и силната пеперминт арома е извор на енергија.

Вода
Таа не содржи калории ниту има нутриционистички вредности, но без неа не би издржало долго - или не би имале многу енергија. Ако вашето тело прима само 1/2 чаша вода од онаа што нормално му е неопходна, вашата физичка и психичка енергија значително ќе опадне. Спречете го тоа со пиење барем осум чаши вода дневно (и повеќе, ако практикувате телесни вежби).

Овес
Овој старомоден производ е најдобриот извор на енергија што постои. Одредени хемиски материи во овесот се всушност многу слични со активните материи од природните стимуланси, каков што е жен шенот. За да се постигне максимален ефект, обидете се да изедете еден филџан овес дневно - како оброк, потоа во гранули или измешан во слатки.

Хром
Овој минерал работи заедно со инсулинот од вашето тело, отстранувајќи го шеќерот во крвта од крвотокот во вашите ќелии, каде што ќе биде употребен за создавање енергија.

- Кое е дневното количество: 120 микрограми
- Каде ќе го најдете: брокули, сок од грозје и шунка

Фосфор
Уште  еден важен минерал, кој најчесто се наоѓа во коските, фосфорот помага при одвивањето на хемиските реакции во вашето тело кое ослободува енергија. Помислете на него како на чкорче кое ја потпалува "печката" на вашето тело.

- Кое е дневното количество: 1.000 мг
- Каде ќе го најдете: немасно телешко, лосос, пилешки гради, овес, немасен јогурт.

 

Hits: 700
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...