Псевдоциеза е медицински термин за лажна бременост.

Псевдоциеза, уште позната под терминот „хистерична бременост“, може да предизвика многу од знаците и симптомите на бременост, и често пати наликува на таа состојба, со исклучок на присуство на фетус. Симтомите на ова психичко нарушување се слични на симптомите на вистинската бременост и често пати е тешко да се разликуваат од карактеристичните знаци.
Не постои универзална и утврдена теорија за тоа што ја предизвикува оваа состојба. Една од теориите тврди дека лажната бременост е причинета од емоционален конфликт на жената. Се смета дека интензивната желба да се остане бремена, или пак интензивниот страв од бременост, може да создаде внатрешни конфликти и промени на ендокриниот систем, што може да ги објаснат некои од симптомите на псевдоциезата.
Втората теорија тврди дека жените кои очајно сакаат да останат бремени, може да ги интерпретираат промените на телото како знаци за бременост.
Третата теорија ја бара причината во депресивната состојба на жената, која прави хемиски промени во нервниот систем, што може да ги поттикне симптомите на псевдоциезата.
Бидејќи не се знае точната причина за појава на оваа состојба, не постојат специфични терапевтски пристапи кон овие пациенти. Во некои случаи, на пациентките им се даваат медикаменти за симптомите, но сепак, основата е третманот е психотерапија.

Email This
Hits: 1154
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест