Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Прочитајте го лицето ќе ви каже од што болувате

Прочитајте го лицето ќе ви каже од што болувате

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Некои знаци на вашето лице што ги забележувате додека се гледате во огледало, може да ве известуваат за сериозни нарушувања во телото. Оттука, важно е да ги прочитате без проблем.

Темните кругови под очите најчесто се наследни, поврзани се со анемија, но ако забележите дека одеднаш се зголемиле, може да имате проблем со бубрезите, или зголемување на нивото на токсини.

Челото е поврзано со дигестивниот систем, а делот меѓу веѓите е поврзан со црниот дроб. Ако лицето е покриено со акни, причина за ова може да биде валкана кожа, но исто така има и влијание со она што го јадете, како високо масна храна. Јадете умерено и пијте многу вода, а ако проблемот продолжи, тогаш проверете дали сте алергични на некоја храна што е на дневното мени. Во исто време, чести болни мозолчиња на брадата се јасен показател дека треба да се проверат хормоните.

Зголемена појава на влакна на лицето може да укажува на хормонално пореметување, на пример, полицистични јајници.

Проверувајте ја од време на време и бојата на јазикот. Ако таа е воспалена, црвена и малку ве пецка, може да праќа порака дека сте анемични. Бели дамки кај пушачите може да алармираат на претканцерозна состојба. Сина боја на јазикот често укажува на недостаток на кислород.

Hits: 1850
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...