Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Недостатокот на сон води до оштетување на мозокот

Недостатокот на сон води до оштетување на мозокот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Недостатокот на сон во текот на адолесценцијата, според најновите истражувања, може да остави трајни последици на врските (синапсите) помеѓу нервните клетки во мозокот.

Научниците од Универзитетoт Висконсин - Медисон во Америка, направиле низа тестирања на млади заморчиња кои биле поделени во различни групи.

Во едната биле заморчиња кои секојдневно биле будни од 8 – 10 часа, во другата биле заморчиња на кои им било дозволено да спијат колку што сакаат, а додека во третата група биле заморчиња кои биле присилени да останат будни.

Научниците откриле дека животните кои немале доволно сон имаат неправилности во создавањето и користењето на синапсите – врската помеѓу нервните клетки во мозокот.

Еден од проблемите на кои предупредува истражувањето, т.е. недостатокот на сон во адолесценцијата, посебно хроничниот недостаток на сон, може да има сериозни, а најверојатно но и сеуште недокажано - трајни последици на создавањето на врските во мозокот.

Сеуште не е познато дали промените се бенигни, моментни и реверзибилни или пак имаат трајни последици на функционирањето на мозокот.

Стручните лица предупредуваат дека 16 годишниците би требало да спијат минимум 8 часа во текот на ноќта.

Hits: 282
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...