Мажите чија исхрана се темели на заситени масти, треба да ги сменат своите прехранбени навики доколку сакаат да станат татковци.

Нездравата масна храна го уништува квалитетот на спермата, односно тие имаат помалку сперматозоиди, кои покрај тоа, и послабо се движат.
Ако сакате да го решите овој проблем, променете го својот начин на исхрана. Во секојдневното мени вклучете здрави масти како што се омега–3 масните киселини (лосос, туна и маслиново масло) и омега-6 масните киселини (интегрални житарки).
Научниците ја истражувале поврзаноста меѓу исхраната и квалитетот на сперматозоидите и утврдиле дека лошиот начин на исхрана, заедно со стресниот живот доведува до машки стерилитет.
Во истражувањето учествувале 90 мажи и сите одговориле на прашалникот за своите прехранбени навики, а исто така, им била измерена и количината на масните киселини во спермата.
Резултатите покажале дека испитаниците кои имале најголема количина заситени масти имале 41 отсто помалку сперматозоиди (што не е занемарувачки), во однос на мажите кои јаделе најмали кочичини од овие масти.

Email This
Hits: 320
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест