Hits: 2925
Коментари (1)

Што мислите за оваа вест
Monday, May 21st
Апдејт:09:38:21 PM GMT
Борбата против целулитот започнете ја неоптоварени, па наместо секојдневните анализирања на кожата, менувајте ги навиките. Целулитот претставува најголем непријател на женската фигура, а за да се ослободите од него засекогаш, применувајте ги следниве совети.
Започнете со редовно шетање и топло-студено туширање, како и со оброци со многу свежо овошје и зеленчук и консумирајте големи количини течности. Масажата е нешто што во комбинација со добрите навики, ќе направи чудо од вашето тело.
Шеќерот е еден од најголемите непријатели на витката става и мазната кожа кај жените. Тој го стврднува колагенот и ги потиснува колагенските влакна кон површината на кожата, а на тој начин масното ткиво станува уште повидливо. Покрај тоа, шеќерот ја забавува циркулацијата, па затоа избегнувајте ја храната богата со шеќер.
Без вода нема ниту отстранување на целулитот. Еден литар вода и билните чаеви треба да бидат на вашето мени секој ден. Наутро испијте чаша топла вода со свежо исцеден лимон.
Јаболкото содржи вода, витамини, минерали и влакна кои го регулираат варењето, а го интензивираат и излачувањето на мокрачата. Состојката пектин која се содржи во јаболкото е лесно топива во вода, а набабрувајќи, ги „заробува“ молекулите на холестеролот исфрлајќи го од организмот.
Стручњаците препорачуваат наизменично туширање со студено-топла вода во почетокот на денот. Овој начин на туширање ја поттикнува циркулацијата и го забрзува дотокот на лимфите.
Верувале или не, сонцето може да го истакне целулитот. Само четири минути изложување на силно сонце и еластинот и колагенските кожни влакна почнуваат да пропаѓаат, кожата се истенчува, а целулитот станува повидлив.


Идеално време да се консумира високо-енергетска храна која создава резерви на... Повеќе...
Дуњата е вистинска ризница на витамини. Освен минималната количина на калории... Повеќе...
Жените кои го одложуваат моментот на раѓањето не може да се потпрат на техниката на вештачко... Повеќе...
Борбата против целулитот започнете ја неоптоварени, па наместо секојдневните... Повеќе...





Од искуство, правилната исхрана, зачестено движење (како пешачење, пливање, возење точак) и масажи го намалува драстично целулитот.
Како она старото, слушај паталец, не гаталец :))))))