Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Бруксизам - чкрипење на забите?

Бруксизам - чкрипење на забите?

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Бруксизам е ненамерна активност поврзана со прекумерно стискање и чкрипење на забите.
Најчесто се јавува во ноќта, кај лица постари од 25 години, без разлика на полот, а е предизвикана од стрес, напнатост или преголем замор.

И малите деца често го имаат овој проблем, но кај нив тој е главно поврзан со инфекции на ушите, алергии, настинки и најчесто поминува спонтано и без да остави некакви последици.
Стоматолозите предупредуваат дека бруксизмот предизвикува нефизиолошко и јако оптеретување на забите и нивната потпорна структура. Несвесното стискање на забите се одвива со силни движења на вилицата (лево-десно, напред-назад), а поради тоа доаѓа до чкрипење и "трошење" на забите од нивното силно триење.

Симптоми и лекување
Со оглед на тоа што оваа појава се случува најчесто во текот на ноќта, поголемиот дел од пациентите не се ни воопшто свесни дека имаат некаков проблем, се додека нивниот партнер или некој член од семејството не ги примети симптомите и им го воочи проблемот.

Треба да се обрати внимание на болките во зглобовите, ушите и главата, кои се јавуваат веднаш по будењето и траат неколку дена, преголемата осетливост на забите на ладно, притисок или дразба, или пак смалување на висината на предните заби.

Стручњаците препорачуваат веднаш по забележувањето на чкрипењето на забите да се обратите во вашата стоматолошка ординација, со цел да се санира постоечката штета и да се спречи понатамошното оштетување на забите.

Според специјалистите за забна протетика, препорачливо е што поскоро да се открие причината за бруксизам, а во меѓувреме на пациентите може да им се помогне со изработување на силиконски штитник за забите, т.н "night guard tray", кој треба да се носи за време на ноќта со цел да се спречи понатамошното "трошење" на забите и болките во зглобовите.

 

Hits: 682
Коментари (2)Add Comment
...
Коментирано од Josif Janevski hipnoterapevt, јуни 07, 2011
Skripenjeto so zabite e podsvesna reakcija od pregolema vnatresna napnatost. celosno se resava so tretman so hipnoterapija so koja se postignuva emocionalno posvesno osloboduvanje na klientot , a so toa i stiskanjeto so zabite prestanuva. Za poveke informacii pogledajte na www.hipnoterapija.mk
...
Коментирано од PZU "Gordana" - Kocani, ноември 29, 2011
koj ima bruksizam neka dojde vo pzu Gordana

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...