Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Кариесот може да се пренесе преку бакнување

Кариесот може да се пренесе преку бакнување

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Бидете внимателни со кој се бакнувате, стоматолозите предупредуваат.

Причината е научното откритие дека кариесот е заразен, а еден од начините е преку бакнување. Забниот кариес, истражувачите го споредуваат со зараза на грип - иако на забите им штетат слатки и шеќер, а главен виновник за влошување е бактеријата која ги нагризува забите и се "почастува" со мали делови од храната во усната шуплина, кои останале од последниот оброк. Тие тврдат дека, како што вирусот на грип се шири од лице на лице, така се шират и бактерии кои предизвикуваат расипување на забите.

Доенчињата и деца се најмногу изложени на бактеријата што предизвикува расипување на забите (Streptococcus mutans), а се пренесува кога една мајка со добра волја пред децата ја вкусува храната за да види дали е премногу жешка, стоматолозите предупредуваат.

Конец и мастика за џвакање
За да се намали ризикот од расипување на забите, стоматолозите советува редовно чистење на забите со забен конец. Се препорачува и гума за џвакање без шеќер, бидејќи го отстранува денталниот плак и помага во борбата против бактериите.

Две минути миење на забите пред спиење
Најважно е темелно чистење на забите навечер пред спиење, советуваат стоматолозите. Во текот на денот, секретот од плунката ја чисти устата, а устата во текот на ноќта се суши затоа што телото произведува помалку плунка. Така, бактериите лесно се шират и ги напаѓаат забите и непцата додека луѓето се заспани. Две минути четкање на забите пред спиење се доволни.

Hits: 442
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...