Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Медитацијата го забавува развојот на ХИВ вирусот

Медитацијата го забавува развојот на ХИВ вирусот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Стресот значително ја влошува здравствената состојба на луѓето и води до намалување на отпорноста на организмот и слабеење на имунитетот.

За луѓето кои се инфицирани со ХИВ, депресивноста може значително да влијае на имунитетот, покажуваат податоците од истражувањето, објавено во „Сајанс дејли".

Вирусот на ХИВ ги напаѓа Т-лимфоцитите во имунолошкиот систем, кои се одговорни за препознавањето и уништување на клетките кои носат гени кои се непознати за организмот.

ХИВ полека ги уништува лимфоцитите, што доведува до нефункционирање на имунитетот и развој на синдром на стекната имунолошка инсуфициенција (СИДА). Стресот се покажува како важен фактор во равенката, бидејќи го засилува дејството на ХИВ вирусот и го забрзува изумирањето на имуно клетките.

Американски научници утврдиле дека медитацијата помага за ослободување од чувството на стрес, значително го забавува развојот на ХИВ и ја подобруваат општата состојба на пациентите. Научниците планираат да ги скенираат мозоците на пациентите за време на медитација за да се обидат да ги разјаснат механизмите на кои се ублажува состојбата на пациентите.

Hits: 305
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...