Алкохолот во комбинација со лекови, носи непредвидливи опасности, затоа што лесно доаѓа до меѓусебно дејство, односно интеракција.
Вакви интеракции се неповолни и кај умерено внесување на алкохол, затоа што посилно ги изразуваат несаканите ефекти кај лекарствата и можат да предизвикаат влошување на болеста или во некои случаи и смрт.
Алкохолот може на повеќе начини да влијае врз дејството на лекот, промена на делувањето или концентрација на лекот во крвта, а некои пак лекови можат да го забават метаболизмот. Реакцијата на алкохолот, зависи и од староста и полоот на лицата, така што кај повозрасните, алкохолот потешко се разредува со крвта и овие лица почесто конзумираат лекови, па затоа се изложени повеќе на ризик од интеракција помеѓу алкохолот и лекот.
Жените се почувствителни на консумирање алкохол отколку мажите, затоа што нивното тело содржи помала количина на вода, отколку кај мажите и со тоа се прави поголема концентрација на алкохол. И малите количини на алкохол можат да преизвикаат опасност, посебно ако возите автомобил или работите со машина, а во комбинација со лекови, ја намалуваат концентрацијата. Кај конзумирање на лекови за срце, шеќерна болест, во комбинација со алкохол можат да се појават несакани последици, како што се: главоболка, повраќање, срцебиење и друго.


















