Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина 6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате

6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Ако чувствувате болка во градите, кашлица или имате треска, морате да му се обратите на  вашиот лекар, затоа што е јасно дека тие проблеми нема да поминат сами по себе.

Еве шест симптоми кои не треба да се игнорираат, бидејќи тие понекогаш можат да укажуваат на сериозна болест.

1. Главоболка која заслепува

Доколку имате чести главоболки, време е за лекар за да се открие причината. Без разлика дали тие произлегуваат поради проблеми со видот, нездрав начин на живот или нешто посериозно, бараат соодветна терапија.

2. Упорна кашлица
Кашлањето е редовен придружник на настинката или грипот, но ако тоа трае неколку недели, повторно одете на лекар. Продолжена кашлица може да укажува на туберкулоза, респираторни инфекции, вклучувајќи рак на белите дробови.

3. Температура

Ако температурата на телото се движи од висока до нормална без никаков видлив повод, треба да откриете што не е во ред. Исто така треба да одите на лекар ако имате висока температура повеќе од три дена.

4. Дијареа

Без разлика дали причината е "расипана" храна или вирус, дијареата може да биде опасна, бидејќи телото може да дехидрира. Затоа, ако дијареата трае подолго од два до три дена треба да посетите лекар.

5. Болка во градите

Тоа може да биде наивен симптом, но ако е поврзана со болка во левата рака, под итно треба да одите на лекарски преглед, бидејќи може да биде симптом на срцев удар.

6. Тешкотии при дишењето

Ненадејно останување без здив може да укаже на многу болести, од астма до алергиска реакција.

 

Hits: 1154
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...