Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Медицина Како да се зачуваат забите здрави

Како да се зачуваат забите здрави

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 

Здравите заби се предуслов за општото здавје и задоволство на човекот.
Само со секојдневна нега, правилна исхрана и редовен стоматолошки преглед може да се постигни убав и здрав осмев.

Убав осмев нема без вложување на труд и време.

Опасност за забите представува и пиењето на засладените пијалоци, чај и кафе, но опасност прават и бомбоните. Со секојдневна нега и редовни прегледи може да се спречи заболувањето на забите како што се кариесот и парадентозата и дригуте озбилни заболувања.

Правилната нега е најважна

Забите треба да си мијат по секој оброк, најмалку два пати дневно, после појадокот и пред заминување на спиење. Многу е добро да се знае дека забите не смеат да се мијат веднаш по оброкот. Во тоа време е повисока киселоста, забната глеќ посебно е чувствителна, па затоа чистењето со четката може да го оштети забот, посено по конзумирањето на јадењето кое содржи шеќери или киселина како колачите или овошјето. По јадењето треба да се почека 30 минути за да се измијат забите.





За миење на забите треба да се избере четкичка од вештачки влакна која за разлика од природните лесно се одржува и брзо се суши и не е подложна за развивање на бактерии. За да се спречи оштетувањето на глеќта и забното месо, треба со четкичката во миењето да се измијат сите заби. Рачката на четкичката мора да е лежечка на раката, а главата на четкичката мора да е мала, со заоблен облик или уште подобра да е округла.





Влакната на четкичката не смеат да се тврди за да не го оштетат забното месо, туку да се со средна мекост за да е можно масирање. По употребата четкичката треба убаво да се измие и добро да се исуши, а секои шест до осум недели обавезно да се замени со нова. Исто така да се користи раствор за уста како и забен конец со кој детално се чисти просторот од еден до друг заб.



Пастата за заби

Кога станува збор за пастата за чистење на заби, стручњаците ги препорачуваат оние кои содржат флуор, кои ги зајакнуваат и штитат забите, а го штитат забното месо и глеќта од развој и делување на штетни бактерии. Миењето на забите треба да трае околу 3 минути. Со четкичката треба што потрпеливо, детално со мали кружни движења од забното месо према забот да се мијат забите, најпрвин се опфаќа надворешната потоа внатрешната површина. При миењето на забите со кружни движења на четкичката се масира и забното месо и не заборавјте да го исчеткате јазикот на кој се собираат штетни бактерии.



Храна која е добра за забите
Без сомнение, здравите заби многу зависат од начинот на исхрана, а нивниот главен непријател е шеќерот. За да се зачуваат здрави забите, треба да се променат некои навики поврзани со конзумирањето на слатките јадења.
За здрави заби многу е подобро да се конзумира слаткото еднаш дневно и тоа во комбинација со еден од главните оброци, отколку повеќе пати на ден. Посебно треба да се избегнуваат слатките како чоколадото, лижавчињата, карамелите, бомбоните и обичните гуми за џвакање, бидејќи тие се лепливи во устата и тоа е опасност за забите.
Тврдото овошје или зеленчук како јаболкото или морковот кој бараат чврсто,силно и подолго џвакање само по себе допринесува за подобро чистење на усната шуплина и го намалува ризикот од расипување на забите.

Hits: 773
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...