Потврден е фактот дека многу видови на зеленчук делуваат против појава на ракот и делуваат врз канцерогените клетки.
Научниците ги открија активните компоненти и нивната заштитна улога од различни видови на рак.
Состојките откриени во брокулата се ефикасни во стопирање развој на канцерогените клетки кај ракот на дојката. Во зеленчукот како што е брокулата, зелката и карфиолот откриена е состојката сулфоарафан (SUL) која може да ги блокира завршните процеси на канцерогениот процес со прекинување на компонентите на ќелиите наречени микротубулуси.
Оваа материја може да го блокира развојот на делењето на клетките на ракот на дојката кои веќе се канцорогени. Еден час по конзумирањето SUL ги блокира клетките и ги прекинува микротубулите кои се долги, тенки цилиндри составени од протеинот тубулин кој има основна улога во дуплирање на хромозомите во текот на делбата на клетките.

Зеленчук со силно анти-канцерогено дејство
Лукот - сумпорните соединенија му даваат силен мирис и вкус кои штитат од рак неутрализирајќи ги канцерогените клетки и го забавуваат растењето на ќелиите на туморот. Со едно истражување е утврдено дека жените кои јадат лук еднаш неделно имаат помал ризик од појава на рак на дојката.
Мешункастото растение - сите видови се богати со инхибиторен протез, состојка која ги отежнува ќелиите од ракот да извршат инвазија на соседните ткива.

Доматот - содржи витамин Ц и флавонид ликопен кој му дава црвена боја, а има заштитна улога против рак на белодробните крила, цервикс, рак на простатата и устата.
Спанаќот - е добар извор на Ц витамин и бета каротен како што е фолната киселина. Во многу научни испитувања е потврдено дека луѓето кои два пати неделно јадат спанаќ ретко заболуваат од рак на белите дробови и рак на дојката.
Исто така и зелката, сојата, морковот, целерот, џумбурот, магданосот, кромидот,ланеното семе, карфиолот и црвената пиперка.
Начинот на подготовка на зеленчукот е многу важен. Спрема новите истражувања со варењето се губи поголем дел од анти-канцерогените материи, додека со варењето на пареа или подготвување во микровална не се губат состојките. Исто така не треба да се замрзнуваат во фрижидер за длабоко замрзнување, бидејќи се губат анти-канцерогените материи.

Сок со анти-канцерогено дејство (рецепт)
1 цвекло
2 ротквица
3 главици брокула
1 морков
1/2 домат
Ако сокот ви е премногу блуткав може да исцедите еден лимон или да ја зголемите количината на целер


















