Жените чијашто секојдневна исхрана содржи поголеми количини бел леб, бел ориз, пица и слични продукти богати со јаглехидрати се многу повеќе склони кон развивање на болести на срцето.
Од друга страна, истиот заклучок не може да се примени и на мажите. Се смета дека за разликата меѓу половите е одговорен начинот на кој мажите и жените гипроцесуираат јаглехидратите, а тие се разликуваат.
За срцето се штетни јаглехидратите со висок глокемиски индекс, односно оние кои предизвикуваат скокање на шеќерот во крвта. Тоа значи дека продуктите богати со едноставни јагленихидрати, како што се овошјето и тестенините се безбедни за нашиот витален орган.
Нутриционистите советуваат да се консумираат продукти со низок гликемиски индекс, а тоа значи дека треба да ги исфрлите рафинираните јаглехидрати и да одберете минимално рафинирано жито од цело зрно и зеленчук со низок индекс, овошје и мешунки, како што се гравот, леќата и грашокот.
Оваа храна ќе ви помогне да го одржите нивото на енергија и доброто расположение во текот на денот, а исто така, го намалува ризикот за појава на многу хронични болести, вклучувајќи ги дијабетесот, болестите на срцето и одредени видови рак.


















