Доколку денот, односно ноќта ги поминувате пред компјутер, без разлика дали сте на работа или дома, неопходно е да консумирате што повеќе овошје и зеленчук богати со каротин.
Бета каротинот е широко распространет растителен пигмент кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот со сите нијанси на жолта и портокалова, па сé до темно зелена боја (морков, диња, круша, банана, јаболко, спанаќ). Кога се препорачува консумирање на „обоено“ овошје и зеленчук, се мисли, всушност на бета каротинот. Бета-каротинот во организмот се претвара во витамин А, кој е неопходен за регенерација на кожата и заштита на очите и видот.
Бананата е голем извор на витаминот А и содржи супстанции кои можат да превенираат од штетните ефекти на екранот на компјутерот. Бета каротинот го подобрува видот, го забавува стареењето на кожата, како резултат на штетните ултравиолетови зраци. Превенцијата од ноќно слепило и пречувствителност на светло, се, исто така, негови значајни здравствени функции.
Заштитното дејство на бета каротинот се одразува и на другите органи како што се: белите дробови, цревата, мочните патишта и штитната жлезда.
Овошјето е многу практично за носење на работното место, а има повеќе здравствени бенефиции од многубројните производи кои секојдневно ги консумираме за појадок или за ужина. Затоа, доволно е да ставите банана и морков во својата чанта и да ги грицкате во текот на денот.
Но, имајте на ум дека лицата кои долго време земаат бета каротин, би морале да земаат и витамин Е, бидејќи бета каротинот има особина да го намалува нивото на витаминот Е во крвта.


















