Менито богато со витамини и други хранливи материи, е од големо значење во студените зимски денови, кога ни се заканува епидемија на грип.
За овошјето е познато дека е вистинска ризница на витамини, а кивито се смета за најздраво, велат нутриционистите.
Ова овошје содржи витамини од Б групата и витамини А и Ц. Но, и ниацин, протеини, калциум и железо. Кивито е одлично за бремените жени, бидејќи витамините од Б групата помагаат за правилен раст и развој на фетусот. Како значаен извор на калиум, го регулира крвниот притисок, а благодарение на лутеинот ги штити очите.
Најдобро е да се јаде секојдневно, по можност во поголеми количини. Освен што ги зголемува одбранбените способности на организмот и го намалува холестеролот, кивито ги неутрализира и слободните радикали.


















