Во студените зимски денови стоплете се со чаша варено црвено вино. Можете да го подготвите комбинирано со цимет и портокал.

Со цимет
Потребно е:
7.5 мл црвено вино
125 гр шеќер
портокал
две стапчиња цимет
три зрна каранфилче
10 зрна црн пипер
анасон
Се става виното во сад, се додава анисон и се загрева на умерена температура. Потоа се додава шеќер, цимет, каранфилче, црн пипер, и рендана кора од портокал. Се намалува температурата и се вари. Се конзумира топло.
Без алкохол
Потребно е:
1 литар сок од грозје
2 лажици сок од лимон
20 гр суво грозје
цимет
кардамон
зрно каранфилче.
Во еден сад се мешаат сите состојки и виното се вари на многу ниска температура, внимавајќи течноста да не зоврие. Се вари 20 минути. Се процедува и се служи веднаш.
Со портокал
Потребно е:
1 литар црвено вино
250 г шеќер коцки
степче цимет
анасон
2 зрна каранфилче
малку рендано морско оревче
лимон
2 портокали.
Се меша виното, шеќерот, циметот и лимонот, и се ренда кора од портокал. Виното се вари на ниска температура. Кога виното ќе почне да врие се остава уште 5 минути, а потоа се намалува топлината и се додаваат зачините. Се остава виното на многу ниска температура уште 20 минути. Вареното вино се процедува и се става во чаша во која има парче портокал.

Email This
Hits: 349
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест