Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Исхрана Добрата страна на aлкохолот

Добрата страна на aлкохолот

Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 

Алкохолот одамна се наоѓа на "црниот список" на производи, но, сепак, неговите ефекти можат да бидат добри за здравјето. Стручњаците ви претставуваат неколку добри страни на алкохолните пијалаци.


Истражувањата покажале дека една чаша вино или пиво дневно може да го намали ризикот од болести на срцето и срцеви напади, бидејќи овие пијалаци го креваат нивото на добриот холестерол и ги зголемуваат антиоксидансите во телото. Црвеното вино е особено пожелно, бидејќи содржи билни состојки, како процијандинот и расвератролот кои го штитат срцето.

Ограничената употреба на алкохол, исто така, ја подобрува еластичноста на артериите и го намалува ризикот за појава на висок крвен притисок.
Повременото консумирање алкохол може да влијае врз контролата на Алцхајмеровата болест, односно да превенира во развивањето на ова заболување.
Алкохолот може да ги спречи тромбоцитите во крвта и да ја намали "лепливоста" на крвта. Тој има и благ антикоагулациски ефект, го спречува групирањето на тромбоцитите, а со самото тоа и згрутчувањето на крвта.

Алкохолните пијалаци го намалуваат и ризикот од појава на дијабетес тип 2, бидејќи го зголемуваат количеството на потребниот инсулин кој го лачи панкреасот. Освен тоа, умереното консумирање алкохол штити од развивање камен во жолчката.

Звучи неверојатно, но консумирањето алкохолни пијалаци во мали дози може да ја намали можноста за појава на чир во стомакот и во желудникот. Алкохолот дејствува како антисептик против бактеријата хеликобактер пилори, која предизвикува појава на чир. Научниците откриле дека луѓето што пијат една чаша вино или пиво дневно имаат 30 проценти помали шанси за развивање на оваа бактерија.

Умереното пиење алкохол може да ја намали можноста за појава на лимфом. Алкохолот ја инхибира активноста на протеинот "мТОР", кој игра главна улога во контролирањето на процесот на клетките.
Сепак, имајте на ум дека претераното уживање во алкохол може да ве однесе во бездна.

 

Hits: 726
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...