Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Исхрана Добрата и лошата страна на кафето

Добрата и лошата страна на кафето

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Кога прво ќе кажеме кафе, помислуваме на кофеин, но во кафето има многу повеќе од тоа, а секој ден научниците откриваат нови ефекти за мистериозниот пијалок. Една неодамнешна студија покажува дека жените кои пијат четири шолји кафе на ден, имаат 20 проценти помал ризик за развој на депресија. И тоа не е се ...

Кафето може да:


Ја намали болката - Намалување на износот на кафе кое го пиеме на ден може да доведе до главоболки и други симптомите, но во исто време додека се пие, кофеинот може да ја ублажи болката. Филџан кафе, може аналгетикот кој сте го испиле да го направи 40 отсто повеќе ефикасен во лекување на главоболката.

Делува превентивно против дијабетес
- Додека студиите за врската меѓу кафето и ракот не се најубедливи, епидемиологот на Харвард, Френк Ху изјави дека информациите за кафето и дијабетес тип 2 се "прилично цврсти". Врз основа на повеќе од 15 неодамна објавени студии за кафе, тој смета дека значително влијание има за спречување на дијабетес.

За спречување на деменција
- Пиењето кафе веќе долго време се поврзува со намален ризик од когнитивни оштетувања, како што се деменција, особено Алцхајмерова болест. Една студија спроведена пред три години, вели дека оние кои редовно пијат кафе во текот на 20 години, кај нив го намалува ризикот од деменција за 65 проценти.

Делува како лаксатив
- На повеќето од нас тоа им се случило. Само што сте се напиле неколку голтки кафе во раните утрински часови, веќе сте во тоалет. Главната причина за ова е тоа што кафето делува како стимуланс на перисталтиката, односно мускулната контракција на цревата.

Предизвикува главоболка
- Многу студии за кафе се контрадикторни. На пример, една студија од 2009 година, откри врската помеѓу високото ниво на кофеин и главоболката, но  исто така, констатира дека хроничната главоболка се почесто се појавува во земјите со помала потрошувачка на кофеин.

Зголемување на холестерол
- Една студија спроведена во 2007 година вели дека конзумирањето на супстанциите кафестрол и кахвеол  (исклучиво се наоѓаат во кафето) може да доведе до значително зголемување на нивото на холестерол.

Поттикнува во бременоста компликации - Бројни истражувања покажале поврзаност помеѓу консумирањето на кафе во текот на бременоста и зголемената веројатност за спонтан абортус. Една од најновите и најверојатно најпотполните студии, беше објавена во американскиот весник за гинекологија и акушерство пред четири години, каде што се вели дека жените кои консумираат 200 милиграми кофеин или повеќе на ден имаат ризик од спонтан абортус.

Предизвикува чир
- Кафето може да ја нагризе слузокожата на гастроинтестиналниот тракт, што доведува до развој на чир и други  иритации на желудникот.

 

Hits: 906
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...