Сигурнo не сте љубители на раното станување, започнувајќи го денот со трчање или во теретана? Еве добра вест за вас, доволно е да се препуштите на вкусот на темната чоколада и сè ќе биде во ред.
Американските научници откриле дека мали количини чоколада за готвење во исхраната го подобрува здравјето на ист начин како и вежбањето. Тие утврдиле дека кога малите дози чоколада се комбинираат со редовно вежбање, делотворноста е зголемена 50 отсто.
Американските научници откриле дека билната состојка во чоколадата таканаречена епикатехин го стимулира растењето на мускулите на сличен начин како и енергичната активност, односно трчањето.
Ова соединение го поттикнува поризводоството на митохондриите – мали „батерии“ кои ги стимулираат клетките во нашето телт, и го зголемува бројот на капилари кои го доведуваат кислородот во мускулите.
posebno zatoa sto mi odi vo prilog,bidejki sum golem ljubitel na cokolada a i nemam problemi so prekumerna tezina.