За лековити цели се користат само оние плодови за кои не постои сомнение оти биле подлежни на дејство на различни хемикалии што го поттикнуваат нивното растење.
За иста намена листовите се берат од стеблото веднаш по росата, а се сушат на студено место за да не ја загубат убавата зелена боја и се чуваат на суво и темно место. Цветовите се собираат пред да се отворат, исто така по росата, а потоа се сушат на суво и топло место.
Плодот од портокалот, ако добро се исчисти за да се отстрани кората полна хемикалии, може да му ги обезбеди на организмот потребните витамини, особено Б и Ц.
Поради мошне малото количество шеќер што го содржи сочното и освежувачко месо на ова јужно овошје, препорачливо е за исхрана на дијабетичарите. Во сокот на портокалот се "слеале“ многу антиинфективни и тонични својства, кои особено се ефикасни во времето додека пустоши грипот, зашто ја лекува треската и го јакне ослабениот организам.
Мошне е делотворен и кај ангината, пречките со варење и болестите на бубрезите и мочниот меур. Свежо исцедениот сок испиен на гладен стомак особено е корисен за срцето, зашто е вистински магнет за отровите што во текот на ноќта се насобрале во организмот. Од цветовите на портокалот се добива течност која дејствува смирувачки и против грчови. Етеричното масло од овие цветови се нарекува неролиесенција и е една од најзначајните суровини во индустријата на парфемите.
И од листовите на портокалот има многу корист. Чајот од листови од портокал ја намалува температурата, го поттикнува потењето, а благотворен е и за работата на желудникот и јакнењето на организмот.


















