Нутриционистите постојано повторуваат дека треба да се јаде здрава и урамнотежена храна, дека секој ден треба да се јадат 5 порции овошје и зеленчук, дека треба да се јаде риба најмалку два пати неделно, а во телото да внесуваме помалку масти, шеќери и сол ... Сепак, тие не ни кажуваат дали можеме наместо свежо овошје да се напиеме свеж сок или со што можеме да го замениме зеленчукот кој од рана возраст не ни се допаѓа. Еве неколку примери кои може да ви помогнат подобро да ја усогласите вашата исхрана по препораките на експертите:

Овошје: Експертите велат дека дневно треба да се изедат 2-3 порции на овошје по ваш избор.

Овошје: Експертите велат дека дневно треба да се изедат 2-3 порции на овошје по ваш избор.
- Еден портокал = јаболко = две кајсии = чаша незасладен сок од портокал = 2 дл незасладен овошен компот.
Зеленчук: Препораки 2-3 порции зеленчук од 200 грама на ден.
- 200 гр барен зеленчук по ваш избор = чинија супа = помала порција суров зеленчук.
Месо, риба, јајца: Експертите велат дека треба да се јаде 1-2 пати месо или риба на ден, со услов на трпезата барем да се најде двапати неделно масна риба како лосос, харинга или сардини.
- 130 гр риба = 130 гр месо = 2 јајца = 2 парчиња шунка.
Леб и жито: Со секој оброк треба, според експертите, да се консумираат 1-2 порции житарици.
- Парче леб = чинија варен ориз = 5 лажици варени тестенини = порција леќа = два средни варени компири.
Млеко и млечни производи: За правилно внесување на калциум експертите препорачуваат 3-4 млечни производи на ден, во зависност од возраста.
- Чаша млеко = чаша јогурт = 150 гр младо сирење = 40 гр постаро сирење.
Email This
Hits: 574
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест

















