Дуњата е вистинска ризница на витамини. Освен минималната количина на калории и масти, таа е богата со протеини, јаглехидрати, хранливи влакна, а содржи и големи количини на танин и пектин.
Од витамините најбогата е со витамин Ц, а содржи и керотен и витамини Б1 и Б2. Дуњата содржи и многу минерали, а семките од дуња содржат дури 15 проценти амигдалин. Семките се богати и со масти, танин и пектин, шеќери, јаболчна киселина, емулзин и протидом.
Сокот од дуња лечи од кашлица, астма и акутна дијареа. Печена или варена дуњата се препорачува кај воспаленија на желудникот и цревната слузокожа, но и за лечење на анемија. Чајот од семки од дуња делува смирувачки, ја отстранува несоницата, но и непријатниот здив.
Дуњите тешко се јадат сирови бидејќи се доста тврди, па затоа најчесто се печат или варат, а се користат и за подготвка на компот, желе, мармалад или овошна каша.
Дуњите одлично се сложуваат со пилешко, јагнешко и месо од дивеч. Можат да се печат заедно со месото или пак да се употребат за подготовка на сос.


















