Познато е дека овошните сокови го чистат телото, а вреди да се знае дека и зеленчуковите сокови го обновуваат и лекуваат телото.
Благодарение на бројни состојки, свежите зеленчукови сокови, претставуваат природни минерални и витамински пијалоци и силни антиоксиданси кои го штитат телото од болести на модерната цивилизација, ја подобруваат крвта слика и помагаат во обновување на жлездите.

Може недостатокот од минерали и витамини да го надокнадиме со сокови од сосема "обичен" зеленчук - како морковот. Морковот ни нуди повеќе отколку што може да замислиме и затоа треба да го вклучите во нашето дневно мени:
Богат е со витамини и минерали
Морковот е богата со витамини и минерали, содржи натриум, калиум, калциум, магнезиум, селен, железо, фосфор, сулфат и силикон, како и витамини А (бета каротен), B, C, D, E, G и К и фолна киселина.
Го заштитува желудникот и цревната слузницата
Тој содржи растителни влакна пектин, кои делуваат на дигестивниот тракт и на тој начин го заштитуваат желудникот и цревната слузницата.
Го зголемува апетитот и го подобрува варењето
Морковот исто така содржи селен, кој е најважниот микроелемент за имунолошкиот систем и кои заедно со витаминот А помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем.
Го заштитува желудникот од инфекција
Бидејќи витамин А го одржува здравјето на цревната слузницата, тој осигурува одбрана против инфекции.
Заштита од други инфекции
Морковот штити од инфекции на очите и грлото, крајниците, синусите и респираторните органи.
Ги зајакнува забите и коските поради калциумот, фосфорот и витамините кои ги содржи
Го подобрува работењето на адреналинската жлезда
Морковот содржи супстанци од суштинско значење за исхрана на жлездите со внатрешно лачење (особено адреналинската жлезда).
Помага кај неплодноста
Некои тврдат дека морковот помага кај неплодноста, но исто така го заштитува и мозокот.


















