Грозјето е добар извор на хранливи материи од суштинска важност за нашето тело и неговите предности за здравјето, во споредба со многу други овошја се бројни.
Овошјето може да биде поделено на црвено, црно и со бела боја.

Колку грозјето е здраво?
Го детоксифицира и чисти тело и поттикнува губење на тежината
Го намалува ризикот од болести на срцето и ракот
Грозјето е извор на витамини А, Б, Б6 и фолна киселина
Содржи комплексна материја, која го намалува холестеролот и триглицеридите
Во грозјето се наоѓаат минерали како што се калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо и селенбакар.
Манганот и цинкот, исто така, се присутни во грозјето, а содржи и растителни влакна и протеини
Грозјето е брз извор на енергија и ја подобрува крвната слика.
Сок од грозје се препорачува во случаи на запек, реума, кожни болести како и кај заболување на црниот дроб.

Ова овошје во голема мера помага при намалување на киселоста на мокрачната киселина и елиминирање на киселина од телото, со што во голема мера помага во работењето на бубрезите.
Студиите покажаа дека сокот од грозје, црвеното вино и чајот од суво грозје имаат силна антивирусна активност против полиовирусот и херпес симплекс вирусот.
Помага при згрутчување на тромбоцитите.
Семките од грозјето поздрави од овошјето
Семките од грозје се моќни антиоксиданси кои го блокираат предвременото стареење и болести со контролирање на слободните радикали. Познато е дека некои екстракти од семките од грозјето имаат до 50 пати поголема хранлива вредност на витамините Е и Ц. Тие исто така имаат антивирусни, антиканцерни својства кои обезбедуваат циркулација на крвта. Лушпата на грозјето е исто така многу хранлива. Таа ги уништува клетките на ракот во човечкото тело.
Предупредување:
- Грозје и сок од грозје не се препорачува за стомачни чиреви, шеќерна болест, колит, дијареа и дизентерија.
- Избегнувајте мешање на грозје со млеко, краставици, дињи, риба, пиво, минерална вода и масна храна.
- Ако имате расипани заби, грозјето или сокот од грозје ќе го интензивира расипувањето на забите.




















svasta -.-