Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Исхрана Калинката - извор на антиоксиданси

Калинката - извор на антиоксиданси

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Калинката содржи антиоксиданс, витамините А, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо. Може да помогне кај оние кои имаат срцеви заболувања, рак како и проблеми поврзани со стареењето.

Фитострогените од семките можат да ги намалат  синдромите во менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги брановите од топлина. Таа е една од малобројните растенија кои содржат материи слични на естрогените.

Калинката содржи голема количина фенолна елагична киселина. Оваа фитохемикалија е силен антиоксидант и делува против ракот. Истражувањата покажаа дека делува во превенцијата на најраните хемиски реакции кои можат да доведат до рак на градата.


Исто така една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Во однос со другите сокови, виното како и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок содржи најмногу антиоксиданти. Тие го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Слободните радикали го менуваат холестеролот во процес на оксидација  за која се смета дека го забрзува процесот на здебелувањето на крвните вени и нивната намалена еластичност. Истражувањата покажаа дека сокот исто така ја  намалува оксидацијата на холестеролот за половина.

Hits: 551
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...