Ако наутро тешко се будите, во текот на денот сте расеани, деконцентрирани и напнати, а навечер тешко заспивате, сигурно ви недостасува магнезиум. За среќа, проблемот се решава лесно.

Магнезиум има секоја храна. Доволно е вашата исхрана да е разновидна и да го внесувате потребното количество. Зголемете ја исхраната со житарици, мешунки, зелен зеленчук, соја производи, лешници, ореви и банани, бидејќи тие се најдобар извори на овој важен минерал.

Магнезиумот е од суштинско значење за правилното функционирање на телото, бидејќи учествува во повеќе од 300 биохемиски процеси во организмот. Важна состојка е на сите клетки и е од суштинско значење за создавање на крвта и коскената маса, зачувување на нервниот, ендокриниот и кардиоваскуларниот систем и мускулите.
Пресметајте колку се вашите дневни потреби
Дневенo внесување на магнезиумот е шест милиграми по килограм од телесната тежина, што значи ако човекот е со тежина од 50 килограми треба да внесе 300 милиграми од овој важен минерал.
Индивидуалните студии покажале дека исхрана богата со овој минерал го намалува ризикот од камен во жолчката. Познато е дека грчевите во стомакот и мрзливоста на цревата понекогаш покажуваат недостаток од магнезиум, имајќи предвид дека тој има важна улога во варењето на храна. Исто така, потребен елемент е во синтезата на кератинот, на протеинските супстанци кои стануваат дел од кожата, косата и влакната


















