Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Исхрана Болести кои ги создава дебелината

Болести кои ги создава дебелината

Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 

Прекумерната тежина, ако го исклучиме естетскиот изглед, создава и други проблеми.
Најголем проблем на дебелите луѓе, сепак се проблемите со здравјето и предиспозициите за настанување на многу болести.

 



Ќе наведеме некои од болестите поврзани со прекумерната телесна тежина.

Хроничен замор и болка во нозете
Поради прекумерната тежина, дебелите луѓе брзо се заморуваат и често имаат болки во нозете или 'рбетот. Овие проблеми многу лесно може да се објаснат, бидејќи човек со 120 килограми e  како сето време да носи вреќа од 40 килограми, во споредба со  човек од 80 килограми. Луѓето со зголемена тежина имаат помал капацитет на белите дробови од оние со пониска тежина.



Проблеми со крвните садови

Поради неправилната исхрана и создавањето на масти, кај дебелите луѓе  доаѓа до промена во крвните садови, зголемување на крвниот притисок и зголемување на мастите во крвта  (лош холестерол). Статистичките податоци покажуваат дека кај  дебелите луѓе два до три пати почесто  се појавува висок крвен притисок или се зголемува нивото на холестеролот и триглицеридите отколку кај луѓето со умерена тежина. Кај популацијата од 20 до 40 години со прекумерна тежина - шест пати е поизразен високиот крвен притисок отколку  кај нивните врсници со просечна тежина. Луѓето со прекумерна тежина имаат голема шанса за добивање на атеросклероза.



Белодробни болести и срцеви заболувања

Преголемата тежината влијае во работата на белите дробови и срцето, бидејќи работат со зголемен напор и тоа од две причини. Првата причина е "чисто механичка", бидејќи срцето и белите дробови се обвиени со  голема количина на "сало". Од друга страна, пак, срцето и белите дробови треба да обезбедат голема телесна маса. Поради сето наведено белите дробови и срцето се замараат и се трошат бидејќи работат засилено

Болестите на срцето и крвните садови во современиот свет се најчестите болести, и што е најстрашно во светот  се повеќе луѓе умираат од оваа болест (срцев удар и мозочни инфаркти).

Дијабетис тип 2

Кај дебелите луѓе нарушен е метаболизмот, така што после долго време (10-20 години прекумерна тежина) се појавува дијабетис тип 2, и тоа повеќе отколку кај  другите луѓе. Болеста се јавува  многу почесто кај дебелите луѓе кои имаат изразени стомак. Она што е најопасно во развојот на дијабетисот кај дебелите луѓе е фактот дека тој се развива постепено , така да  за тоа време ги оштетува другите органи (очите, бубрезите, нервите, срцето ...).

Споредувањето на податоците од пред 60 или пред 30 години, податоците покажаа дека бројот на дебелите луѓе неколку пати се зголемил во споредба со претходните години, а бројот на пациентите со дијабетис тип 2 е значително зголемен.

Артритис
Постои врска помеѓу зголемувањето на телесната тежина со заболувањата на коските, 'рскавицата, тетивите и зглобовите (артритис, остеоартрит ...)

Малигни болести

Дебелината често е причина за малигните заболувања, така што кај дебелите мажи често се јавува, карцином на дебелото црево и карцином на простатата.

Кај жените со зголемена тежина забележана е  зголемена наклоност на рак на матката, рак на дојката, рак на жолчката и рак на јајниците.

Други болести

Други болести кои се закануваат на дебелите луѓе се: ендокрините болести, камен во жолчната кеса,  панкреатитис и заболување на црниот дроб.

Неправилна исхрана

Причината за дебелината и наведените болести често е неправилната и нездравата исхрана. Дебелите луѓе обично  јадат мрсна и калорична  храна која дебелее, а помалку внесуваат витамини и антиоксиданси, и  ја акумулираат тежината а го слабеат организмот.

Како заклучок, произлегува дека прекумерната тежина го намалува квалитетот на животот, како и работната способност  на животниот век. Можеби во право се оние кои веруваат дека прекумерната тежина впрочем е занемарување на телото, здравјето и и својата иднина.

 

 

 

 

Hits: 2101
Коментари (1)Add Comment
...
Коментирано од svetlana, ноември 12, 2010
debelinata e stvarno bolest od koja nastanuvaat mnogu zdravstveni problemi
no kako da se borime so nea

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...