Според името на диетата можете да заклучите дека се работи за диетата „јужна плажа„, а автор е познатиот кардиолог dr. Arthur Agatston.

Диетата се темели на умереност, а ставот на екстремност не е воопшто добар ни во исхраната. Според South beach диетата не треба да се одбегнуваат ниту мастите ни јагленохидратите, туку треба да се одберат вистински масти како и јагленохидрати.
Dr. Agatston препорачува замена на шеќер со некој засладувач, а ако многу уживате во чоколадото тогаш млечното чоколадо треба да се замени со црно. Бидејќи диетата е конципирана према потребите на луѓето заболени од кардиоваскуларните болести, се нагласува важноста на антиоксидансите во исхраната и земањето на омега-3 масната киселина. Омега-3 масната киселина, која се наоѓа во рибата, а најмногу во рибиното масло, важна е за намалување на триглицеридите во крвта. Се препорачува да се зема од природни извори како што се туната и сардината, а може и со таблети.
Предноста на оваа диета e поттикнување на често конзумирање на помали оброци.Тоа е важно бидејќи на овој начин се избегнува изгладнување на организмот, а прејадувањето е последица на изгладнувањето.

Диетата се спроведува низ неколку фази:
1. ФАЗА
Се учи како да се совлада гладта, избирање на вистински продукти, а со тоа да дојде со губење на килограмите.
Диетата трае две недели, а очекуваното губење на килограмите е од 4 до 7 килограми. Од храната се избегнуваат слатките, лебот, пецивата, тестенините итн. Се препорачува младо месо, риба, белка од јајцето, тврди плодови и малку јагленохидрати со низок гликемичен индекс. Се јаде многу зеленчук: спанаќ, блитва, домати, морков, младо немасно сирење и маслиново масло.
Пример мени за ручек:
Исецкана салата South Beach со туна
Салата:
- 1 конзерва туна во вода (180 грама)
- 1/3 исецкана краставица
- 1/3 од чашата исецкани домати
- 1/3 од чашата сецкан целер
- 1/3 од чаша исецкано авокадо
- 1/3 од чашата исецкани ротквици
- 1 чаша исецкана зелена салата
Прелив:
4 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимон
малку исецкан кромид
и малку црн пипер
Како да ја подготвите салатата: Ја сложувате на слоеви туната, краставиците, доматите, авокадото, целер, ротквиците и салатата во стаклен сад. Ставате масло, сок од лимон, кромид и пипер.
Хранливост: по оброк 506 калории.
2. ФАЗА
Трае две недели а постапно се воведуваат забранетите производи. Во оваа фаза се зголемува дневното внесување на разно овошје и житарици. За тоа време телесната тежина се губи. Во поголема мерка се јадат житарици, како што се јачмен, зоб, пченка, ориз и секој зеленчук. Се нагласуваат протеинските производи како што се месото, рибата, сирењето, јајцата во комбинација со обилен зеленчук.
Пример за мени:
Појадок:
- 1/2 свеж грејпфрут и 1 препечено интегрално лебче - тост или од било која друга житарица на пример `ржен и 30 грама Cherar сирење со малку маснотии. Кафе без кофеин или чај со немасно млеко и засладувач.
Ужина:
- 125 мл немасен јогурт без шеќер
Ручек:
Медитеранска салата од пилешко месо
Салата:
- 1/2 кг пилешки стек без кожа и коски
- 2 лажици маслиново масло
-1 и 1/2 чаша на коцки исечкани краставици
-1 1/2 чаша на коцки исечкани домати
1 чаша исечкан млад кромид
1/2 чаша исечкан магданос
-листови од зелена салата
Прелив:
1/2 чаша купен италијански прелив за салата
малку нане
Подготовка: Во тава го печете пилешкото. Откога ќе се испече се сечи на коцки и кога ќе се олади се меша со зеленчукот. Се служи врз листовите од зелената салата.
3. ФАЗА
Претставува зачувување на постигнатата тежина, а треба да трае цел живот.Dr. Agatston истакнува како е тешко да се држиме на зададените строги правила, па затоа не се така строги правилата во оваа фаза. Некогаш е дозволено да се почастите со сладолед или омилено колаче, но и понатаму свесно да водите грижа за вашето здравје.
Напомена: Не е препорачливо користење на диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета консултирајте се со стручно лице или лекар.


















