Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Диети и Фитнес За 5 дена 2 килограми помалку

За 5 дена 2 килограми помалку

Ниво на корисникот: / 10
НајлошоНајдобро 

Оваа диета трае пет дена. После тоа, се прави пауза од еден ден, а потоа се повторува, ако сакате да стигнете до својата посакувана тежина.
- Не се комбинираат јаглехидрати и протеини (месо и компири).

- Не се пијат газирани пијалаци и засладени пијалоци. Се пие лимонада без шеќер (со натрен или кафеав шеќер).

- Десет минути пред оброк, се пијат две чаши вода, кои ќе помогнат да се намали апетитот.

- Треба храната полека и добро да за џвака, за да му дадете време на организмот да ја свари храната.

- Поголемиот дел од вашата храна нека е врз основа на протеини, риба, салати, овошје, зеленчук и многу течности. Наместо бел леб, конзумирајте црн леб или тост. Наместо слатки, земете една лажица мед или 2 суви сливи.

- Исфрлете го од употреба печеното и прженото месо, а конзумирајте варено месо и компири. Наместо сончогледово масло користете маслиново масло.

Прв ден

Појадокот е секогаш ист:

портокал, 1 парче тост и кафе без шеќер.

Ручек: Портокал, варено јајце, 1 чаша кисело млеко.

Вечера: 2 домати, 1 краставица, 2 варени јајца, 2 двопека

Втор ден

Ручек: Портокал, јајце, кисело млеко и 2 бисквити.

Вечера: 125 гр варено месо, 1 домат, 1 парче тост.

Трет ден

Ручек: Портокал, 1 јајце, 2 краставици, кисело млеко.

Вечера: 125 гр варено месо, портокал, тост.

Четврти ден

Ручек: 125 г урда или младо сирење, домат, тост.

Вечера: 125 гр пилешко месо 2 домати, 1 јаболко, 1 парче тост.

Петти ден

Ручек: 200 гр варено месо, 1 домат, тост.

Вечера: 1 кг зеленчук (свежи или барен), 1 варено јајце.

Ако одлучите да продолжите со диетата,  не јадете по 20 часот и секој понеделник имајте го следното мени:

Појадок - 1 чаша лимонада без шеќер.

Ручек - 1 парче тост, јаболко.

Вечера - 2 варени јајца, домат, 1 парче тост.


За време на оваа диета, пиете најмалку две литра вода, на тој начин од телото ќе се отстранат штетни материи и ќе го намалите целулитот.

Забелешка: Не се препорачува користење на диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета, консултирајте се со диетолог.

Hits: 3413
Коментари (2)Add Comment
...
Коментирано од 8988, февруари 21, 2012
па мислам дека од оваа диета ќе се намали тежината. но истошти организмот!
...
Коментирано од 8988, февруари 21, 2012
се извинувам „ ќе се истошти организмот!„ ова сакав да го напишам во коментарот ! :)

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...