Диетата врз основа на компири, добро влијае на кардиоваскуларниот и нервниот систем и го регулира крвниот притисок. Компирите содржат витамини и хранливи материи.
Слабеењето е главниот ефект на оваа диета, но освен тоа, на многу начини корисен ефект има врз здравјето. Го подобрува кардиоваскуларниот систем и го нормализира крвниот притисок. Покрај тоа, компирот во исхраната помага за зајакнување на нервниот систем, го намалува стресот, а со овој режим на исхрана, ќе бидете поактивни и ќе работите поефикасно.
Компир-диетата е релативно лесна за спроведување. За оваа диета е подобро свежи компири, поради тоа што имаат помалку јаглехидрати и повеќе белковини, со речиси иста содржина калории. Свежите компири се вкусни, содржат различни витамини и хранливи материи, кој се губат ако компирите се замрзнати.
Прв ден
Појадок: чаша обезмастено млеко.
Ручек: 300 грама компир-пире подготвено со вода, со многу малку сол.
Вечера: салата (250 грама компири, варено јајце, малку оцет од јаболко, по вкус црн пипер и се прелива со растително масло).
Втор ден
Еден килограм печени или варени компири. Ова количина е доволна за неколку оброци.
Се делат компирите во пет или шест оброци. Може да се додаде, малку сол и масло, и зачини по вкус, мајчина душица, магранос, нане..
Ако не можете да јадете само компири, тогаш може да додадете и салата
Трет ден
Печени компири
Исто како и вториот ден, оброците се делат на пет-шест. Се јадат компирите со малку сол и со малку растително масло.
Четврти ден
Овој ден овозможува покрај компирите и друга храна. Се вклучува месо или сирење и повеќе варен зеленчук.
Можете да јадете:
Посно месо (50 грама), или 1-2 варени јајца, 100 грама сирење, 200 грама варен зеленчук (карфиол, тиквички, домати, моркови...).
Петти ден
Најдобар ефект се постигнува ако последниот ден, го повторите истиот режим со кој диетата започна, а тоа е, она што беше на менито првиот ден.
Диетата не се спроведува повеќе од пет дена.
Предности
Компирот е вкусен и лесен да се подготви. Спроведувањето на оваа диета не создава високи трошоци. Компирот обезбедува витамин Ц, пектин, амино киселини. Во текот на диетата се препорачува додаток производи со комплекс витамини, кои треба да го надоместат недостатокот од едноличната исхрана.
Забелешка: Не се препорачува користење на диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета, консултирајте се со диетолог.


















