Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Диети и Фитнес За успешно симнување на килограмите: Започнете со вежвање потоа со диета

За успешно симнување на килограмите: Започнете со вежвање потоа со диета

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Сакате да изгубите од тежината? Пред да се одлучите на диета, почнете со вежбање, бидејќи тоа е безбеден начин да стигнете до добра линија, тврдат Харвардските експерти.

Најновите откритија на експертите од Харвард, укажуваат дека клучот за борба против дебелината е во паметна стратегија. Ова значи дека потребно е прво да се започне со вежбање, а дури потоа со диета. Мигел Алонсо Алонсо, директор на истражувањето, ја анализирал стручната литература за губење на тежината, со цел да открие дали постои неурокогнитивна врска помеѓу физичката активност и навиките во исхраната.

Заедно со неговиот тим, Алонсо Алонсо открил дека  вежбањето ги охрабрува луѓето да почнат да јадат поздрава храна. Затоа Харвардските експерти сметаат дека единствен начин до патот на виткоста е да се започне со вежбање, а потоа да се започне со диета.

"Вежбањето и диетата се најдобра комбинација за губење на тежината. Само со овие два фактори можно е да се постигнат саканите резултати, кои потоа се долготрајни. Како што откривме, вежбањето на некој начин им помага на луѓето да му одолеат на искушението, така што потоа диетите се успешни", изјави Мигуел Алонсо Алонсо.

Вежбањето ја зголемува човековата чувствителност на чувството на ситост, па со помала веројатност е прејадувањето. Покрај тоа, вежбањето предизвикува промени во мозокот кои и овозможуваат на личноста да преземе поголема контрола врз своето однесување, вклучувајќи ги и оние поврзани со навиките за јадење.

Hits: 745
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...