Од сите справи кои ги има во сала за вежбање, може да ви се помати главата.

Сепак, кога размислувате за резултати, подобрување на кондицијата и намалување на половината, најдобра кардио справа е таа која согорува најмногу калории. Huffingtonpost го тестирал ефектот на најпопуларните справи и ги добил следниве резултати.
Велосипед
Вртењето на педалите на велосипедот ги активира мускулите на нозете и согорува од 500 до 1000 калории за еден час. Сепак, проблемот е што поголемиот број луѓе не го активираат отпорот кој стимулира согорување на калории, туку го остава велосипедот природно да работи. Доколку сакате резултати, потребен ви е отпор поради кој ќе имате проблеми со дишењето, односно 90 вртења во минута.
Трака за движење
Трчањето по подвижна трака може да согори од 600 до 1200 калории во еден час. Доколку ја наместите патеката по крива линија, тогаш ќе го забрзате и метаболизмот. За споредба, само пешачење по траката согорува од 150 до 400 калории на час. Избегнувајте да ги држите држачите, тие служат само за стабилизирање доколку имате проблеми со рамнотежата.
Елиптични справи
Степерот, или другите елиптични справи во кои не се вклучени рацете согоруваат 600 калории на час, а тие со раце од 700 до 900 калории на час. Доколку не чувствувате контракција на мускулите, треба да го зголемите отпорот.
Справа за веслање
На справата во која се симулира движењето од веслање може да се согори повеќе од 1000 калории за еден час. Ова е одлична вежба за издржливост на мускулите на горниот и долниот дел од телото и општо за кондицијата. За да избегнете досада, која е честа појава на оваа справа, менувајте го темпото од интензивни интервали, до лесно веслање. Не ги користете само рацете, туку и мускулите на нозете.

извор-плусинфо
Email This
Hits: 916
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест