Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Диети и Фитнес Диета: За 14 дена 9 килограми помалку

Диета: За 14 дена 9 килограми помалку

Ниво на корисникот: / 10
НајлошоНајдобро 
Со оваа диета можете да намалите 9 килограми од телесната тежина за две недели, но под услов строго да ги почитувате правила. По третманот, секоја храна е дозволена. За време на диетата алкохолот е строго забранет, а се пие кафе без шеќер.
Ви го претставуваме менито за седум дена, а по истекот се повторува уште еднаш.


Прв ден

Појадок: кафе без шеќер
Ручек: 2 варени јајца, варен спанаќ со малку сол
Вечера: 1 голем или 3 мали стека печени на жар, зелена салата, и суров целер

Втор ден
Појадок: црно кафе без шеќер и пециво
Ручек: 1 голем стек, зелена салата и овошје по ваш избор
Вечера: шунка

Трет ден
Појадок: црно кафе без шеќер и пециво
Ручек: 2 варени јајца, зелена салата, домати
Вечера: шунка, зелена салата со малку лимон

Четврти ден
Појадок: црно кафе без шеќер и пециво
Ручек: 1 варено јајце, суров морков, немасно сирење
Вечера: овошје и јогурт

Петти ден
Појадок: рендан морков со лимон и црно кафе
Ручек: варена риба и домати
Вечера:  стек на скара, зелена салата

Шести ден
Појадок: црно кафе и двопек
Ручек: пиле на жар
Вечера: 2 варени јајца и свеж морков

Седми ден
Појадок: чај со лимон
Ручек: стек, овошје по избор
Вечера: по избор

Забелешка: Не се препорачува користење диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета, консултирајте се со диетолог.

 

Hits: 3244
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...