Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Диети и Фитнес Како да го забрзате метаболизмот

Како да го забрзате метаболизмот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Рамона Браганза, познатиот фитнес тренер, советува како да се забрза метаболизам и да се чувствувате поздраво и подобро

- Ако сакате да го разбудите вашиот метаболизам веднаш во утринските часови, никогаш не го прескокнувајте појадокот. Најдобар појадок е оној кој е комбиниран со протеини и сложени јаглехидрати во еден оброк, на пример, јајце омлет со зеленчук или овес со јогурт.

- Во текот на денот, јадете помали оброци и грицкајте. Така вашето тело ќе има доволно гориво. Правило на Рамона се три оброци, две ужинки и најмалку еден литар вода на ден.

- Пијте вода по цел ден (чај и кафе не се сметаат, бидејќи тие може да го дехидрираат организмот, за разлика од водата). Вака ќе бидете сигурни дека сите системи (дигестивниот систем, метаболизмот ...) функцираат на највисоко ниво.

- Да се забрза метаболизмот за време на вежбањето е доста важно а тоа ќе го постигнете така што ќе вклучите интервали на брзи и бавни вежба. Вака телото ќе постигне подобри резултати, отколку кога цела вежба е со иста брзина.

- Во вежбите вклучете и кревање тежина. Зајакнувањето на мускули ќе го зајакне вашиот метаболизам, бидејќи одржувањето на мускулното ткиво бара повеќе физичката енергија. Ќе ги согорувате калориите, па дури и кога спиете.


Здрав совет плус
Едно од најдобрите растенија кое го забрзува  метаболизмот е кресот. Не само што  обезбедува дневна потреба за влакна, калциум, железо, манган и бакар, исто така е преполно со витамин Ц, Е и Б6.
Исто така важно е да се јадат доволно агруми, како портокали, за нашиот имунолошки систем да остане силен.

Hits: 1375
Коментари (1)Add Comment
...
Коментирано од valentina taneva, март 27, 2012
Se soglasuvam.

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...