Оваа диета е разновидна и богата со витамини, а нeјзинотo дејство брзо се приметува. Овозможува слабеење на местата каде е потребно.
Иако се внесува ограничување на калориите, дневно 1200, треба да се има на ум дека само слабеењето не е доволно за недостаток на целулитот. Целулитот првенствено се победува со избор на прехрамбени продукти и физичка активност.
Три елементи кои низ секојдневна исхрана не ги внесуваме доволно се, сумпор, калиум и витаминот Ц.
Сумпор се наоѓаат во продуктите богати со животински белковини како што се месото, рибата, млекото, сирењето и јајцата, а делуваат во отргнување на насобрените токсини.
Калиум се наоѓа во млекото, овошјето, житариците, доматите и компирите, а помага во отстранување на течностите.
Витаминот Ц го зголемува производството на колаген и спречува насобирање на масни наслаги во ткивото. Се наоѓа во цитронското овошје, јагодите, дињите, пиперките, брокулите, доматите и зелениот лиснаст зеленчук.
1 ден
Појадок: 150 мл млеко или еден јогурт, лажица мед, лажица зобни снегулки и круша
Меѓуоброк: 40 гр. суво овошје
Ручек: пилешка прса во сос и варен ориз ( 100гр. пилешко , 40 гр. ориз,кромид, магданос, немасен кајмак или јогурт, маслиново масло , супа од зеленчук)
Меѓуоброк: портокал
Вечера: салата со шунка, 50 гр.интегрален леб и јајце (60 гр. зелена салата, тврдо варено јајце, 50 гр. шунка, 4 лажици сок од портокал, сол)
2 ден
Појадок: фрапе од 150 мл обрано млеко и 125 гр банани
Меѓуоброк: 40гр.суво овошје
Ручек: тестенини во сос од печурки (40 гр.тестенини, 200 гр.печурки, кромид,две лажици немасна павлака или јогурт, сол, пипер, 20 гр.мелени ореви )
Меѓуоброк: интегрално пециво со 30 гр. немасно сирење
Вечера: зелена салата со 3 лажици сок од портокал, лажица оцет, сол , феферони, парче интегрален леб со свежо сирење.
3 Ден
Појадок: 250 гр малинки,150 гр обрано млеко, лажица зобни снегулки, две лажици мед
Меѓуоброк: 40 гр суво овошје
Ручек: супа од зеленчук (исецкан кромид ,пола литар супа од зеленчук, 200 гр тиквички и 1 пиперка исечена на коцки, 50 гр. шунка, 50 гр.грав, сол, пипер, маслиново масло, оцет и сос од соја)
Меѓуоброк: јаболка
Вечера: салата од пилешко и тиквички (60 гр.зелена салата, 200 гр тиквички, 3 лажици сок од портокал,1 лажица оцет, сол, бибер, 3 лажици павлака или јогурт, 40 гр. интегрален леб)
4 Ден
Појадок: Фрапе од обрано млеко и 100 гр. манго
Меѓуоброк: 40 гр суво овошје
Ручек: риба со ориз (40 гр ориз,2 филе риба, лажица лимонов сок, сол, бибер, 200 гр. супа од зеленчук, 2 лажици немасна павлака или јогурт, домат)
Меѓуоброк: интегрално пециво со 20 гр шунка
Вечера: салата од шампињони и интегрално пециво
5 Ден
Појадок: јаболка, лажица лимонов сок, јогурт, лажица зобни снегулки и лажица мед
Меѓуоброк: 40 гр. суво овошје
Ручек: 200 варено телешко месо, краставица, пола пиперка и интегрален леб
Меѓуоброк: пола ананас
Вечера: салата со морков и брокула (250 гр зелена салата, 200 гр морков, 100 гр брокули, две лажици немасна павлака, лажица сок од портокал, лажица сенф, сол, бибер, 40 гр интегрален леб и 30 гр.шунка)
6 Ден
Појадок: киви, јогурт и лажица зобни снегулки
Меѓуоброк: 40 гр суво овошје
Ручек: Омлет со спанаќ (100 гр варен спанаќ,2 јајца,маслиново масло и 40 гр. интегрален леб
Меѓуоброк: 50 гр интегрален леб со 20 гр. салама од мисирка
Вечера: зелена мешана салата
Напомена: Не е препорачливо користење диета, без консултација на лекар.Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици.Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета консултирајте се со стручно лице или лекар


















