Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Диети и Фитнес Хроно диета: Почитувајте го распоред и слабејте без мака

Хроно диета: Почитувајте го распоред и слабејте без мака

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Идеално време да се консумира високо-енергетска храна која создава резерви на масти во телото, е почетокот на денот, бидејќи метаболизмот е тогаш најмногу подготвен да согорува калории. Во вечерните часови, кога телото е склоно да складира залихи, а клетките бараат гликоза, потребно е да се префрлиме на полесна храна. Ова е суштината на хронолошката диета што ви ја предложуваме.



Следете го распоредот

Следете го часот на распоредот за оброк и препорачаното мени, и со минимален напор ќе се ослободите од вишокот тежина.

Појадок: 8:00-10:00 часот
Ужина: 9.30 - 10.30 часот
Ручек: 12.30 - 14.30 часот
Ужина: 16 - 17.30 часот
Вечера: 19 - 21часот

Пример мени за 7 дена

Појадокот е ист секој ден: Чај или кафе засладено со една лажица мед, мусли со млеко или јогурт, 1 интегрален тост или 2-3 суви бисквити.
За ручек може да се јаде било кое овошје.

Прв ден
Ручек: варени тестенини прелиени со сос од домати, зелена салата зачинета со малку сок од лимон
Вечера: Риба на скара, зелена салата

Втор ден
Ручек: Ориз со кромид и изрендано сирење, блитва и сок од лимон
Вечера: Пржени јајца - две јајца, зачинети со босилек и нане, сол и зејтин

Трет ден
Ручек: Густа супа со многу зеленчук и житни култури, на пример, јачмен или просо
Вечера: Морска храна зачинета со лимон, риба печена во фолија, зелена салата

Четврти ден
Ручек: Шпагети со сок од домати, салата од домати или печени пиперки
Вечера: Варено телешко месо зачинета со сок од лимон, масло, сол и бибер, салата од сурова зелка

Петти ден
Ручек: Супа со зеленчук, зелена салата
Вечера:  Гулаш од телешко месо, тиквички на пареа

Шести ден
Ручек: Варен грашок или било кој друг мешункаст зеленчук
Вечера: Пилешко бело месо, модар патлиџан или тиквички на скара

Седми ден
Ручек: Тестенини со тиквички, домат или модар патлиџан зачинети со магдонос, босилок и малку лук
Вечера: Морска риба печена во фолија, мешана салата од сезонски зеленчук

Забелешка: Не се препорачува користење диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета, консултирајте се со диетолог.

Hits: 4070
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...