Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Здравје Диети и Фитнес Брза диета за 5 дена 3 килограми помалку

Брза диета за 5 дена 3 килограми помалку

Ниво на корисникот: / 13
НајлошоНајдобро 
Многу од вас задоцнија со почетокот на подготовките за летната сезона. Сепак, практично до пред некој ден непоходна ни беше посилна и похранлива храна која ни даваше енергија неопходна за долгата зима и ладното време. Единствено што сега ви преостанува е брза диета по принципот 5 кг за 3 дена.

Диетите за брзо слабеење се познати по нивниот јо-јо ефект, но кога не ни преостанува ништо друго, очајно пристапуваме кон оваа диета.

Ви предложуваме две диети за брзо симнување на килограмите:

Брза диета бр. 1 (За 5 дена 3 килограми помалку)


Трае 5 дена, а секој ден се јаде иста храна.

Појадок: Било кое овошје освен банана

Ручек: Една кифла и една варено јајце

Алкохол, слатки сокови и млеко се забранети, но неопходни се 2 литра течност, може вода или зелен чај. Диетата не смее да се повторува неколку пати без пауза.

Брза диета бр. 2 (За 7 дена 4-5 килограми помалку)


Трае седум дена, а тежината која се предвидува да ја изгубите е до 3  килограми.

1 Ден: Се јаде само овошје, освен банана. Овошјето е дозволено во неограничена количина. Најдобар избор се оние кои содржат многу вода.

2 Ден: Се јаде зеленчук, по можност свеж, варен или конзервиран, а се избегнува грашок. Се препорачува зелен зеленчук. Зачините се дозволени и маслиново масло.

3 Ден: Се јаде и овошје и зеленчук, се подготвува супа: исецкан зеленчук, се прелива со вода и се вари на висока температура околу 10 минути, потоа се намалува  температурата и се вари додека не омекне. На крајот се додаваат зачини по ваш избор.

4 Ден: Се јадат банани (до 3 дневно), посно млеко и супа од зеленчук.

5 Ден: Се јаде супа, за еден оброк се потребни 200гр говедско месо и до 6 свежи пиперки во текот на денот. Говедското месо треба да биде печено на скара или варено. Не смее да се пржи во маснотии.

6 Ден: Супа од зеленчук и  200 гр говедско месо, овошјето е по ваш избор.

7 Ден: Исхраната е како претходниот ден, само можете говедското да го замените со нешто интегрално. Диетата може да ја повторите во неколку циклуси, со тоа што ќе направите пауза неколку дена меѓу диетите. Алкохол, слатки сокови и млеко се забранети, но неопходни се 2 литра течност, може вода или светол чај. Диетата не смее да се повторува неколку пати без пауза.

Забелешка: Не се препорачува користење диета, без консултација на лекар. Диетата ја пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за нечиј неуспех или за некои други последици. Диетата се спроведува на сопствена одговорност.
Сите содржини се само информации и не можат да се третираат како медицински или стручен совет.
За секој предлог на диета, консултирајте се со диетолог.

Hits: 8838
Коментари (3)Add Comment
...
Коментирано од elenche, август 24, 2011
Ми изгледа океј.
Ке почнам ,па ке видиме што ке биди . :D
...
Коментирано од Невенче, февруари 10, 2012
а за првата диета колку дена треба пауза да правиме
...
Коментирано од Невенче, февруари 10, 2012
и по колку овошја за појадок треба

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...