Email This
Hits: 1920
Коментари (2)

Што мислите за оваа вест
Monday, May 21st
Апдејт:09:38:21 PM GMT
Диети и Фитнес
Baby food диета - зошто не?!
За да ја контролираат количината на калории во текот на денот што ја внесуваат во телото, некои холивудски ѕвезди станаа фанови на храна за бебиња во тегли. Нутриционистите ги откриваат предностите и недостатоците на овој необичен начин на губење на тежината.

Пред снимањето на филмот „Just Go With It„, актерката Џенифер Анистон мораше да ја донесе својата линија до совршенство, бидејќи и беше доверена улогата на девојка која често носи кратки фустани и здолништа. Нејзиниот личен тренер Трејси Андерсон за неа ја смисли диетата од две недели, базирана на храна за бебиња, а оваа диета се темели на четиринаесет мали оброци на ден, бланширана храна, и тоа само за вечера се консумира посно месо или риба. Наскоро во медиумите се појави веста дека Лејди Гага, Марша Крос и Лиз Витерспун (се разбира, за да ја доведат линија до совршена), станале обожавателки на храна од теглички, наменети за исхрана на бебиња.
Предности:
Храна е веќе подготвена, па затоа таа заштедува време што го имаме се помалку и помалку.
Практична е за носење, особено за жените, поради тоа што се вклопува во нивната ташна.
Кашичките лесно се набавуваат.
Бактериолошки се исправни.
На етикетата ќе најдете информации за точниот број на калории.
Недостатоци:
Тоа не е свежа храна (термички обработена).
Не одговара за потребите на возрасните.
Премногу е кашаста за возрасни лица.
Бебешката кашичка едвај можат да го задоволи вкусот на возрасните лица, што е многу посуптилен.
Храната не може да се генерализира
Овој факт треба секогаш да се има на ум - возрасните треба да се хранат со разновидна, т.н.пирамида на исхрана и калориски ссодветна. Дневните потреби зависат од возраста, здравствената состојба и професијата на одредено лице. Кога некој сака да ослабне, најдобро е да се консултира со стручно лице за исхрана, кое ќе му направи индивидуална програма. Така, може да се постигне оптимум на силата, кондицијата и работните способности.
Ако лицето има одредени здравствени проблеми, тие во голема мера можат да се ублажат, па дури и да се отстранат од индивидуалната програма на исхрана. Не ни треба магично стапче, во овој случај во вид на каша за бебе, за да се постигне соодветна телесна тежина и да се биде со оптимално здравје.
Пирамида на исхрана
На самото дно се наоѓаат оние продукти кои треба најмногу да ги консумираме (леб, житарици, тестенини), додека пак одејќи се нагоре кон врвот се наоѓаат оние продукти кои треба се помалку да ги консумираме во секојдневието, а на самиот врв оние кои треба да ги користиме сосем малку (масти, шеќери, сол).
Водејќи се по оваа пирамида, ќе бидеме здрави и нема да имаме проблеми со вишокот на килограми.



Идеално време да се консумира високо-енергетска храна која создава резерви на... Повеќе...
Дуњата е вистинска ризница на витамини. Освен минималната количина на калории... Повеќе...
Жените кои го одложуваат моментот на раѓањето не може да се потпрат на техниката на вештачко... Повеќе...
Борбата против целулитот започнете ја неоптоварени, па наместо секојдневните... Повеќе...




