Чак Норис „најмоќниот човек на Планетата Земја„ денес полни 70 години!
Денес, 10 Март најдобро е да не излегувате од станот, бидејќи човекот кој два пати избројал со безброј, шета низ Земјата и дува роденденски свеќи, а ветерот кој го издувува силен е како 3.412 и цунами и 349.034.902 торнада заедно. Неговите солзи лекуваат рак, игра билиард со планетите, но прашање е дали е појак од сунѓерот Спонџ Боб која пали скара под вода.
Акциониот херој, каратистот, гордиот републиканец, голем пријател на Џорџ Буш и вкоренет христијанин, Чак Норис денес го слави 70-от роденде! И среќен роденден!
Повеќето при спомнувањето на неговото име помислуваат на Вокер, тексашкиот ренџер, кои се отелотворија во една од најдолговечните КБС телевизиски серии, или шеги, кои се поврзани со овој човек, откако зачекори во светот на филмот.
Но Чак првенствено е ѕвезда на боречките вештини, шампион на многу натпревари, како и на шеструк-непобедлив шампион во карате во полутешка категорија. Знаењето и умешноста на каратето го пренесе на своите ученици од кои најпознати се: Steve McQueen, Bob Barker, Priscilla Presley и Donnie & Marie Osmond, a познатo e како Чак редовно тренирал со Брус Ли.

Единствен е на Западната хемисфера кој има 8 дан црн појас
Во 1974. година беше на врвот, непоразен и горд. Тие 70- ти години неговото име врежано е како борец на Black Belt Hall of Fame, а неколку години подоцна прогласен е за инструктор на годината, а една година подоцна се запиша како маж на годината.
Меѓутоа, овде кариера не запира, во 1997 година му беше доделена награда за прв човек во Западната хемисфера која има постигнато 8-ми дан црн појас. Голем мајстор во Grand Mastera во Tae Kwon Do, кој е прв во 4.500 години традиција.
Покрај тоа, тој стана возач на глисери и постигна брзина од 225 километри на час, кога во 1991 година со неговиот тим и спонзор Popeye Chickenom, го освои World Off Shore Powerboat. Но, тој не беше задоволен до крајот, па почна со рушење на светскиот рекорд, па со 11 метарски Scarab глисер извози 975 километри низ Големите езера, од Чикаго до Детроит, за 12 часа и осум минути.

Еднаш кога го прашаа по што тој би сакал да остане запамтен, само изјави со хуманитарна работа, а со тоа во прилог му доаѓаат многу благодарници. Беше портпарол на United Way, кога сними осум минутна реклама што помогна да се соберат две милијарди долари. Потпаролот на администрацијата на ветераните, посети 12 болници и разговараше со корејските и виетнамските воените ветерани, а некои дури и од Првата светска војна.
Интернет феномен; Факти за Чак Норис
Тој беше именуван за хуманитарец на годината, активен член на фондацијата "Посакај желба", која помага на болни деца без можност за оздравување. Тој е исто така е говорник во многу христијански заедници! Тој освои кафеав појас во бразилската вештина Jiu-Jitsu која ја доби од семејството Мачадо. Но тоа не е сè! На 18 Ноември 2008 година стана еден од првите за поддршка на калифорнискиот Proposition 8, кој промовира бракови од ист пол.
По обуката во американските воздухопловни сили, тргна во лов за слава преку боречки вештини и оснивање на свое училиште Chun Kuk Do. Сними многу филмови како "Патот на Змејот", во кој заедно глумеше со ѕвездата Брус Ли. Низ годините го стекна статусот на "опасен фраер" а од 2005 година стана интернетски феномен - Фактите за Чак Норис, кои зборуваат за бројните невозможни потези и силата на големиот Чак Норис.

Што прави денес Чак Норис?
Чак на негови 70-години, најмногу ужива во дружењето со семејството, сопругата Gen O'Kelly со која е во брак од 1998 година, со своите деца и внуци, со кои живее во Навасоти - Тексас. Тој игра голф и ги посетува голф турнирите. Како тврд републиканец близок пријател е со поранешниот американси претседателот Џорџ Буш и неговиот татко Џорџ Буш.
Тој се дружи со американскиот телевизиски водител Sean Hannity, со глумецот Clin Eastwood и глумица Whoopi Goldberg, иако во минатото секогаш се расправаа за политика, затоа што Whoopi е на страната на демократите. Со боречки вештини и тренинзи целосно прекина минатата година, кога го оперираше колкот.



























