Кох Самуи е црвен како крв, Немо е длабок 33 метри, а во најстрашниот базен Голден Наџет можете да пливате со морски кучиња. Ви ги представуваме најлудите светски базени
Немо 33
Немо е најдлабокиот затворен базен на светот. Во најдлабокиот дел е длабок цели 33 метри, а во најплиткиот пет. А со цел нуркањето да не биде досадно, во него се наоѓаат бројни премини и вештачки пештери. Овој базенски комплекс во предградието на Брукселс го дизајнираше експертот Џон Бирнаертес, за училиштето за нуркање и нуркачите-рекреативци. Температурата на водата изнесува пријатни 30 степени Целзиусови, па не е потребно да се носи заштитна опрема. Водата не е хлорирана, туку се пропушта низ технолошко напредни филтри, а сопствениците тврдат дека сета вода во базенот (дури 2,5 милиони литри) е изворска и питка. Немо 33 привлекува и многубројни туристи кои сакаат да останат на суво и кои низ подземни прозори можат да ги набљудуваат нуркачите. Но Немо 33 не е најнеобичен базен.
Вода црвена како крв
Во конкуренција се и тајландскиот Кох Самуи во кој поради посебните плочки водата изгледа црвена како крв, Ѓаволскиот базен на врвот на Викторијанските водопади во Африка од кој капачите можат да гледаат во длабоките бездни и Ливин Рум кој се наоѓа во собата за дневен престој на еден стан. Надвор снег, во базенот топло.
Сина лагуна
Во исландскиот отворен базен Сина лагуна, подземната вода се загрева на температура од 37-38 степени, па капењето во него е удобно и сред зима. Летното чувство во секој период од годината владее и во јапонскиот базен Оушн Дом. Тој има голем подвижен покрив кој симулира сонце и небо, а на капачите им нуди и лажен вулкан, лажен песок и лажни бранови.
Оушн Домо
Летно уживање во секое годишно време владее во јапонскиот базен Оушн Доме, кој има голем покрив кој се движи, а симулира сонце и небо. На посетителите им нуди и лажен вулкан, лажен песок и лажни бранови.
Нуркање помеѓу урнатини
"Светиот базен" во Турција, во своите длабочини крие столбови и останати урнатини од историскиот град Хиераполис. Природниот дотек на калциум го освежува базенот и ја одржува температурата.
Пливање со морски кучиња
Базенот Голден Наџет во Лас Вегас, многумина го сметаат за најстрашен базен на светот бидејќи во него пливате покрај морски кучиња. За среќа, морските ѕверови се одвоени со дебели стакла, па не постои опасност.




































