Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Занимливости Десет градови cо најдинамичен раст во светот

Десет градови cо најдинамичен раст во светот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Шангај се развива најбрзо во светот, судејќи според податоците на Метро Монитор, од тримесечното истражување на Институтот Брукингс, кое споредува 200 најуспешни метрополи според заработката и растот на вработеноста.

И додека источните градови забележаа значителен раст во 2011 година, жртвите на кризата во еврозоната доминираат на последните места на листата. Атина, Лисабон и Даблин, главните градови на најзагрозените нации во европската должничка криза, ги заземаа последните три места.

Измир во Турција и Сантјаго во Чиле, два града кои најбрзо се развиваат во светот исто така се наоѓаат меѓу 20 најсиромашни градови според истражувањето на Брукингс.

Еве ги најбрзорастечките градови, според истражувањето на Брукингс Метрополитен Програмата:

1. Шангај, Кина

Занимливост: Економијата на Шангај е со големина на Финска.

Од извештајот: Шангај се пласираше на првото место во овој извештај, така што го освои второто место во категорија на заработка и раст на вработеноста.

2. Ријад, Саудиска Арабија

Занимливост: Ниту една голема светска метропола не ги зголемила своите приходи во изминатите неколку години повеќе од Ријад.

Од извештајот: Се додека светот зависи од нафтата, овој град ќе има можност да влијае на јавниот сектор, инфраструктурата и трговскиот развој.

3. Џеда, Саудиска Арабија

Занимливост: Дали некогаш сте слушнале за Џеда? Овој град е најголемо пристаниште во Црвеното Море и втор по големина во Саудиска Арабија по Ријад.

Од извештајот: Во последните 15 години приходите во Москва, Мумбај, двојно се зголемиле, за разлика од Буенос Аирес, Џеда и Куала Лумпур.

4. Измир, Турција

Занимливост: Измир кој е трет по големина град во Турција се развива побрзо од Истанбул и Анкара, но исто така е посиромашен со БДП по глава на жител.

Од извештајот: Измир е една од малубројните метрополи вклучувајќи ги Хјустон и Калгари, кои пред се се потпираат на стоката во обид да ги зголемат приходите. Тоа може да предизвика невољји во случај ако забавувањето во Кина и други Азиски земји доведе до пад на цените на стоката во 2012 година.

5. Ханџоу, Кина

Занимливост: Овој град на источниот дел во Кина три пати го зголеми својот раст на БДП во изминатите осум години.

Од извештајот: Заедно со Шангај и Шенжен, драстично го надминаа вкупниот раст на Кина во 2011 година.

6. Анкара, Турција

Занимливост: Некои економисти предвидуваат дека растот на кредитите ширум Турција може да доведе до потешкотии во 2012 година, посебно за нејзиниот главен град Анкара.

Од извештајот: Стапката на раст на приходите во Анкара во текот на минатата година двојно беше поголема од стапката на раст на приходите во периодот од 1993 до 2007 година.

7. Истанбул, Турција

Занимливост: Пред една година Истанбул беше рангиран како град кој најбрзо се развива во светот.

Од извештајот: Трите турски метрополи Измир, Анкара и Истанбул влегоа во првите 10 на листата, истакнувајќи ја силната економија на оваа земја.

8. Шенжен, Кина

Занимливост: Овој град е единствен на листата на Брукинг институтот кој се смести меѓу првите пет пред, за време и по рецесијата.

Од извештајот: Во Шенжен приходот се зголеми најмалку четири пати во изминатите 15 години.

9. Сантјаго, Чиле

Занимливост: Стапката на вработеност во Сантјаго се зголемува двојно побрза во споредба со Буенос Аирес и Лима, кои исто така бележат најголем раст во Јужна Америка.

Од извештајот: Туризмот е трета стопанска гранка на овој град и донесува 16 отсто од приходите.

10. Шанјанг, Кина

Занимливост: Од 200 градови во светот во кои економијата брзо расте, Шанјанг имал најбрз раст на приходите во 2011 година.

Од извештајот: Растот на БДП во овој град лани бил двојно побрз од растот од Шангај.

Градови чиј развој најмногу се намалил:

1. Атина, Грција

Занимливост: Најголем град губитник е Атина. Ниту еден голем светски град немал толку голем пад на БДП, како ни пад на вработеноста, како главниот град на Грција.

Од извештајот: Не е изненадување што Атина е најлошо пласиран град, бидејќи беше главно жариште на европската фискална и финансиска криза во текот на 2011 година.

2. Лисабон, Португалија

Занимливост: Лисабон е еден од градовите на листата кој сеуште е во целосна рецесија.

Од извештајот: Лисабон забележа еден од најголемите падови на вработеноста во 2011 година меѓу големите градови.

3. Даблин, Ирска

Занимливост: Како и цела Ирска, во текот на последните 20 години Даблин имал раст на БДП од 5,3 отсто, што е неверојатно за еден развиен град.

Од извештајот: Ако се гледа светлата страна, Даблин е 14 најбогат град во извештајот на Брукинг, има повисок раст на БДП по жител од Париз или Лос Анџелес.

4. Севиља, Шпанија

Интересен факт: Севиља долго беше симбол на градежништвото и изградбата во времето пред рецесијата, кога се веруваше дека ваквата состојба никогаш нема да заврши.

Од извештајот: Се работи за град кој најмалку се развива во Шпанија, но не и на целиот Ибериски Полуостров.

5. Сакраменто, САД

Занимливост: Според податоците на Брукингс, економијата на главниот град на Калифорнија најмногу потфрли од сите големи градски економии во Северна Америка, т.е. во двете Америки.

Од извештајот: Владата која се повеќе се намалуваше како и слабиот пазар на недвижности, означи пропаст на градската економија во 2011 година, работната сила се намали во двата најголеми сектори. Се додека цените на куќите ќе останат ниски, до тогаш степенот на одземањето на станбените објекти ќе биде највисок во земјата.

6. Мадрид, Шпанија

Занимливост: Невработеноста меѓу младите достигнува и до 50 проценти, судејќи според некои студии, што е највисока во развиениот свет.

Од извештајот: Иако Мадрид е рекордер по изгубени работни места, приходите на овој град всушност се зголемија, иако само за 0,1 отсто.

7. Неапол, Италија

Занимливост: Неапол е четврти најбогат град во земјата, но вработеноста силно се темели на јавниот сектор.

Од извештајот: Еден од шесте европски градови кој искуси целосна рецесија во 2011 година. Останатите се Атина, Лисабон, Даблин, Севиља и Валенсија.

8. Барселона, Шпанија

Занимливост: Рецесијата го спречи нејзиниот развој како престолнина на бизнисот во овој регион.

Од извештајот: Падот на вработеноста во Барселона лани изнесувал 4,5 отсто, повеќе отколку растот од 1993 до 2010 година, што е десети најлош однос во извештајот на Брукингс.

9. Валенсија, Шпанија

Занимливост: Еден одчетирите шпански градови на листата. Валенсија силно се потпре на градежништвото, како основ за развој во последната деценија. За жал, таа илузија исчезна.

Од извештајот: Ако е за утеха, сите останати шпански градови поминаа полошо во овој извештај.

10. Ричмонд, Вајоминг

Занимливост: Еден од двата американски градови на листата кои се со најмал раст. Двата града ги чувствуваат последиците од страна на Владата, како и последиците од финансискиот колапс.

Од извештајот: Ричмонд имал раст на приходи од само 0,2 отсто и пад на вработеноста од 1 отсто.

Hits: 273
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...