Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Занимливости Се оженил со покојната невеста

Се оженил со покојната невеста

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

28 годишниот Кадил Дефи од Тајланд одлучил да продолжи со венчавката онака како што планирале со неговата девојка, иако таа загинала во сообраќајна несреќа ден пред свадбата.

29- годишната Сариниа Камсок и 28-годишниот Кадил ги броеле деновите до моментот кога ќе ја крунисаат нивната љубов со брак. Но, судбината за овој млад брачен пар имала сосем поинакви планови. Ден пред свадбата Сариниа имала сообраќајна несреќа во која била тешко повредена. Доколку лекарите интервенирале на време, можеби досега ќе била жива, наместо да ја префрлат во друга болница, Сариниа била оставена да чека 6 часа поради преполниот капацитет на интензивна нега во болницата. Набрзо подлегнала на повредите и починала.

Кадил и Сариниа биле заедно цели 10 години. После нејзината прерана смрт Кадил одлучил да ѝ ја исполни желбата – да се ожени со неа.

Будистичката церемонија била одржана 4 јануари во местото Сурин северен Тајланд. На венчавката присуствувале роднини и блиски пријатели, а истата била пренесена на тајландската државна телевизија. Оваа приказна поттикна многу дебати ширум светот. Направена е дури и фејсбук страна посветена на овој млад но несреќен брачен пар.

 



>

Hits: 527
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...