Email This
Hits: 1019
Коментари (1)

Што мислите за оваа вест
Monday, May 21st
Апдејт:09:38:21 PM GMT
Занимливости
Буцкасти девојки против слаби манекенки?
Списанието "Плус модел", посветено на модата и моделите, предизвика контраверзии со тврдењето дека повеќето од моделите ги исполнуваат критериумите за анорексија.
Со слика на која гола манекенка буцкаста, позира пред модели чија тежина е нормална за модниот свет денес, списанието вели дека сака да ги охрабри дебелите девојки да извршат притисок врз производителите на облека, да започнат да произведуваат подобри модели и за нив и да се спречи промовирањето на идеалот на слабите.
Главниот и одговорен уредник Медлин Фигуера-Џоунс објаснува дека ова е одговор на модната индустрија која го поддржува слабиот и нездрав изглед.
"Секој ден нè бомбардираат со реклами за губење на тежината, бидејќи компаниите заработуваат милијарди долари на страв од дебелина", пишува Медлин.
На фотографиите кои беа објавени стои натпис: "Пред 20 години просечен модел тежеше 8 отсто помалку од просечната жена. Денес, тежи дури 23 отсто помалку". Во написот се укажува дека жените носат просечна големина број од 38-40, но дека во продавниците се продава облека која е помала од просекот.
Сепак, уредникот објаснува дека списанието не ја поддржува дебелината, бидејќи таа е една форма на екстремност и не е добра за здравјето, но истакнува дека жените не можат да бидат поистоветени со манекенките бидејќи разликата е премногу голема.



Месецот во кој сте родени ја одредува вашата професија, открива студијата спроведена на... Повеќе...
Дали се пронаоѓате во молитвите на хороскопските знаци? ... Повеќе...
Многу жени тешко е да видат дали нивното однесување е соодветно кон... Повеќе...
На крајот на септември во Еквадор во Сан Маркос Кито (центарот на градот), e снимена... Повеќе...




